Полна благодарност, Шерон Стоун, 64-годишна, во неделата со нејзините 3,2 милиони фанови сподели фотографија од двор, среќна, топлес, покриена со некое пешкирче, упорно згодна.
Зошто тврдењето дека е боље од Ратајковски?
Па, се навикнавме веќе дека и таа, и нејзината категорија, помини-замини, туку ќе нè почастат со голотија. Фино тоа сè… И досадно.
Ама кога Шерон Стоун ќе нè потсети која е, одма е интересно.
Дури и топлесот престанува да биде важен, кога ќе прочита човек што пишува под сликата.
„Благодарно несовршена на еден Совршен ден.“
Истиот ден, сподели слика и од нејзиниот најстар син Роан кого го посвои во 2000 со тогашниот сопруг Фил Бронстин, пред да се разведат четири години подоцна. На сликата Роан се смее исто како неа на претходната со куче што личи на перика во скут.
Пред две години на Инстајл им кажуваше како ѝ е најголема гордост што е мајка.
„Најјакото нешто што го имам направено е да се соберам после бројни лични и професионални сопки и да продолжам со целта да бидам родител и да ги воспитувам децата добро.“
Имала девет абортуси поради автоимуна болест и ендометриоза и тројцата синови ѝ помагаат да го погледне животот од здрав агол.
„На децата им кажувам, ќе имате многу пријатели во животот, но семејството е ваше засекогаш. Нема секогаш да зборувате меѓу себе. Но, дури и така, ќе се сакате. И ако некој ви затреба, таму ќе се јавите.“
Околу „важноста“ на Холивуд:
„Уживам да си ги растам децата. Хуманитарните каузи и децата си ги направив поголем приоритет од холивудската сцена, допадливоста и добивањето улоги. Мајчинството не беше лесно. Но, ми дојде со љубов од ангели. Среќно семејство сме и имаме среќа.“