На нејзиниот Инстаграм во саботата сподели фотографија од себе во најновата кампања на Фенди.
И напиша,
„Толку сум благодарна.“
Инаку, долго време ја сметаа за еден од највлијателните супермодели од ‘80-те, но во септември 2021 се отвори за тоа зошто се повлекла од јавноста, после процедура за замрзнување на масното ткиво. Процедурата CoolSculpting наместо да ги избрише масните клетки, само ги зголемила и ја направила непрепознатлива. Ѝ се дијагностицира парадоксична адипозна хиперплазија како контраиндикација на процедурата и дури ни корективни операции за липосукција не успеале.
Но, вети, и пред себе и пред светот дека веќе нема да се крие.
Месеци подоцна, добива кампања.
И во право е еден од коментарите:
„Сѐ уште најјакиот супермодел на сите времиња. Линда засекогаш!“
Други фотографии од кампањата сѐ уште нема, ама светот веќе чека на една нога.