Украина гори, Зеленски се слика за Вог

На сите тие експлозии, гинења, раселен народ, растурени семејства, кукања и давања „задолженија“ на западот, Зеленски реши дека е супер момент да се слика со жена му за - Вог.

Вог објави и слики и снимки од фото-сесијата со живата легенда Ени Либовиц, и баш изгледа како да им е многу забавно и пријатно.

Сликање.

За Вог.

Кое и треба да е пријатно и сигурно е.

Само да не си претседател на држава што во моментов бива прегазена од помоќна и поголема држава од неа.

На 26 јули, модното списание Вог објавува статија за Олена Зеленска - сопругата на украинскиот претседател Володимир Зеленски, каде што е портретирана како храбра жена. Статијата на долго и на широко расправа за нејзината „битка“ за време на војната меѓу Украина и Русија и како секогаш таа била зад кулисите. Ваквите статии често се убаво прифатени, ама оваа конкретно им има згазнато на луѓето на нерв.

И причината е фотосесијата.

Во тотал се пет фотографии, наместени и добро осветлени за Зеленска да изгледа како моќна жена која е покрај сопругот во вакви тешки времиња.

Но, граѓаните не се баш воодушевени, напротив - полни се со критики за начинот на кој се направени фотографиите. Се објавија и клипови од сесијата и тие покажуваат колку е добро испланирана и како се исценирани.

Во видеото на Инстаграм, претседателот и првата дама на Украина ги гледаме како си дискутиркаат со фотографката, па ги слика. Се гледа дека секоја е добро испланирана, обмислена и совршено осветлена според критериумите на списанието. И Зеленски нешто таму дава мислење, кажува нешто, со маичката.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Vogue (@voguemagazine)

Писателот и продуцент Дејвид Анџело вели,

„Каков измамник е Зеленски. Жити Господ, што правиме ние овде? Нема да ризикувам трета светска војна за Вог фото-сесија.

Плаќаме 90 милијарди долари за тие со хеликоптер да ја донесат Ени Либовиц во Киев.“

Републиканскиот лидер од Калифорнија Дејвид Џиљо рече,

„Збунет сум. Украинскиот народ е заглавен во војна што нема шанси да ја добие и наместо да работи на животоспасувачко решение, Зеленски има време да се слика за Вог. Ова ли е „лидерот од светска класа“ за кој ни кажуваат медиумите???“

Луѓето го критикуваат воениот Вог-гламур на Зеленски како нарцисоиден, без осет, со лош тајминг и елитистички.

Уредникот на Ребел Њуз Австралија, Ави Јемини вели,

„Го почитував Зеленски на почетокот на војната кога нè преплавија со фотографии од украинскиот претседател во тактичка опрема на барикади. Излезе дека фотографиите се местени. Глума, како и самиот човек. Сега позира за Вог. За да собира милијарди од западните даночни обврзници.“

Некои кои до скоро имаа изјави за поддршка на Украина, срамежливо користат изрази како „можеби не е добар вајб“ и „не сакам да бидам негативен, ама…“

Патем, Зеленски скоро се жалеше дека западот не прави доволно да ја казни Русија.

Да си уплатиме сите по една приватна фото-сесија, па да му пратиме слики на Путин, штом неговава била така неодложна, баш сега да мора?

27 јули 2022 - 20:01