Баерн Минхен се соочува со необичен проблем и сосема неочекуван за господски клуб каков што е баварската гордост. Дел од вработените во кујната штрајкуваат зошто не добиле плата. Според Sport Bild, некои работници дури и не дошле на работа.
Рогатите тексашки жаби вообичаено живеат само неколку години. Оваа била пронајдена во мермерна кутија 30 години откако била ставена таму и откако малку дошла на себе - оживеала. Станала толку популарна што ја посетила дури и Белата куќа, се појавувала во филмови, а луѓето масовно купувале сувенири со нејзиниот лик како симбол на долговечност. На денешен ден - 6 октомври - се организира традиционален Рипфест.
Ако во вселената гледаме за да видиме „бледосина точка“ како што нашата родна планета изгледа на онаа фамозна фотографија пратена во 1990 година од сателитот Војаџер 1, направена од оддалеченост од 6 милијарди километри - ќе се изнагледаме.
Зависничката потрага на ЕУ по природен гас по секоја цена низ светот колку толку ја извади Унијата, ама предизвика сериозна болка кај сè што е сиромашно и не може да им парира со пари.
Новиот менаџер на Челси, Грем Потер триумфално го заврши вториот меч во Лига на шампиони во кариерата, откако вечерва со 3:0 го победи италијанскиот шампион Милан кој во Лондон допатува без реиси пола првотимци.
Ресторани во срцето на Европската Унија вежбаат стратегии како со цените кои не престануваат да дивеат, ќе задржат луѓе во зимата што доаѓа. Некои од нив се сетиле дека треба „да се вратиме во камено доба“ па почнале да нудат мени подготвено без струја и плин. Сакавте палео? Ете ви палео.
Црвен крст на РСМ – Црвен крст на Град Скопје, заедно со сите поединци и општествено одговорни субјекти (компании) кои ги поттикнува да се вклучат и да го поддржат процесот на донирање половна облека, се стреми да придонесе за создавање општество на одговорни граѓани со добри навики, каде што секој го вреднува она што го добива и секој придонесува во заедницата во која живее.
Уште еден дебакл на „увиѓајноста“ на идентитетските политики. Сериски педофил упропастувал детски животи како маж. Но, во меѓувреме решил да транзитира па бил осуден како жена и однесен во женски затвор. Од сето тоа, на полицијата најважно и е некој да не го навреди па да го рече машко.
Леванголски, Леталдолски, Голандовски...Ова се само дел од игрите на зборови со кои каталонскиот печат ги насловува делата на Роберт Левандовски. 34 годишниот Пољак изгледа како да пораснал во Ла Масија.
По заминувањето на Серхио Агуеро, Пеп Гвардиола беше скептик дека ќе има некој кој ќе го надомести отсуството на Аргентинецот кој му ја донесе на клубот со децении чеканата титула. Летово на „Етихад“ дојде Норвежанецот Халанд кој ја натера цела Премиер лига да се држи за глава.
Не е некакво истражување за Иг Нобел. Ниту пак метафора за поврзаноста на умствените процеси со физиологијата. Ова е реален (?) феномен за кој се дискутира со години, но кој се уште нема медицинско објаснување.
Деновиве светот го погледна телефонот на Илон Маск и можеше да види како реално изгледа тој најблизок круг на најбогатиот човек на планетава. Што сè има во тој телефон? Генијалци, луцидни идеи, возбудливи проекти? Ма јок. Шупливи и сервилни папаци и климачи со глава, бесрамно богати и уште побесрамно расположени да се увлекуваат.
Со головите на Пауло Дибала во 39' и Крис Смолинг во 75' минута Рома после пресврт по примениот гол од Димарко во 30-та минута го совлада големиот ривал Интер на гости со 1-2. Жозе Мурињо поради суспензија не можеше да биде на теренот а наместо во ложа на трибините, реши да гледа фудбал од клупскиот автобус на Рома и триумфот го прослави на паркинг пред стадионот.
Немаше време да застане, ама кога му кажа за што се работи се врати и остана до крај. Се работи за емотивен момент со детенце, од славјето во 2018-та кога го славеа успехот на Мундијалот како втори.
Новак Ѓоковиќ се пласираше во полуфиналето на турнирот во Тел Авив откако денес го совлада Канаѓанецот Вашек Поспишил кој важи за негов добар другар, со 2:0 во сетови 7:6, 6:3. Претходно седмопласираниот тенисер на ранг листата, на мечот со Шпанецот Андухар кој го доби убедливо 6:0, 6:3 имаше мошне елегантен потег.
Теофил Панчиќ им посакува добредојде на Русите кои бегајќи од војната одбраа да дојдат во Србија но им дава и пар драгоцени потсетувања: овде луѓето ни се браќа сè додека тоа не нè обврзува на ништо конкретно а нај браќа се кога се далеку.
Откако под лупа на јавноста дојде чудната блискост и директните контакти меѓу главниот човек на Фајзер и Урсула фон дер Лејен од ЕК (пред да биде потпишан милијарди долари вредниот договор за вакцини за ЕУ), шефот на Фајзер/Бионтек реши да се повлече од закажаното сведочење пред ковид панел на Европскиот парламент.