Елегантниот потег на Ѓоковиќ кој ја крена публиката во Тел Авив
Новак Ѓоковиќ се пласираше во полуфиналето на турнирот во Тел Авив откако денес го совлада Канаѓанецот Вашек Поспишил кој важи за негов добар другар, со 2:0 во сетови 7:6, 6:3. Претходно седмопласираниот тенисер на ранг листата, на мечот со Шпанецот Андухар кој го доби убедливо 6:0, 6:3 имаше мошне елегантен потег.
Во полуфиналето во Тел Авив, Ѓоковиќ ќе игра против Русинот Роман Сафијулин кој е 104. играч на АТП листата. Вториот полуфинален пар го сочинуваат Марин Чилиќ и Констант Лестјен.