Мурињо од клупски автобус на паркинг го гледаше дербито со Интер

Со головите на Пауло Дибала во 39' и Крис Смолинг во 75' минута Рома после пресврт по примениот гол од Димарко во 30-та минута го совлада големиот ривал Интер на гости со 1-2. Жозе Мурињо поради суспензија не можеше да биде на теренот а наместо во ложа на трибините, реши да гледа фудбал од клупскиот автобус на Рома и триумфот го прослави на паркинг пред стадионот.

2 октомври 2022 - 10:21