Кога пред десетина година се сретнале додека Кристијано беше играч на Реал Мадрид, Сослкјер му рекол: „Каде и да играш, колку и да вредиш, твојот дом секогаш ќе биде Манчстер Јунајтед“. Португалецот се врати на местото каде го лансираа во орбитата.
Овации, банери, автограми и сликања од домашни навивачи и играчи. 120 новинарски барања во град со помалку од 200.000 жители, карти на црно до 6.000 евра, реакција од публиката на секое негово додавање. Ремс синоќа беше во транс.
Барнли во Англија важи за клуб кој уште се држи до старата англиска фудбалска школа. За овој тим меѓу другите фудбалери, играат и грубијани растени по тамошните пабови а навивачите сакаат само домашни играчи. Пример викендов на мечот со Лидс Јунајтед кој заврши 1-1 шпицот Ешли Барнс буквално го скрши бекот Стјуарт Далас.
Добро вика едниов од коментаторите на мечот Волфсбург - РБ Лајпциг. Дали се играчиве свесни дека ги снимаат 38 камери од различни агли? Како може да падне и да се држи за лице ако не го пипнале? Епа може. Андре Силва од Лајпциг.
Големата надеж на Милан не можеше да посака поубав деби гол за Росонерите. Првата сезона имаше 37 настапи на сите натпреварувања, но не успеа да стрела и еве го сега уште во 2. коло против Каљари по само 12 минути со слободен удар кој нема да го заборави.
На фудбалерите на Виљареал убаво им тргна на мечот против Атлетико Мадрид и на два пати имаа водство, но сепак остануваат без победа по првите 3 кола. Крајот во судиското продолжение не можеа да го одиграат полошо.
Елиф Елмас ја доби “македонската пресметка“ во Џенова со 1:2 во дуел на кој настапија и двајцата наши фудбалери. Фудбалерите на Наполи се смееле за поништениот гол на Горан Пандев, тврди тренерот на Џенова.
Во исто лето и ист месец пукнаа двете најголеми бомби во светскиот фудбал. Лионел Меси од Барселона во ПСЖ, Кристијано Роналдо од Јувентус во Манчестер, ама во Јунајтед, а не Сити како што се шпекулираше.
Меѓу 32-те екипи учесници во второто по ранг клупско европско натпреварување има и дебитант од Белгија кој не знаеше како да се дорадува за историскиот успех. Посебно тренерот.
По ждрепката за ЛШ која донесе спектакуларни групи, попладнево во Истанбул се влечеше и ждрепка за Лига Европа. Елмас и Наполи ќе играат во интересна група. Од балканските клубови Динамо и Звезда добија противници по мерка.
Ница и Марсеј се соочуваат со големи казни по хаосот кој го направија во Лига 1. Еден учесник во тепачката со навивачите на домаќинот сега го чека долгогодишна суспензија.
По пауза од околу два месеци Македонија се враќа на фудбалската сцена со нов предизвик, нов селектор и подмладување. Ќе имаме нов напад и проблеми во средина. Адеми е повреден, а Николов позитивен.
Фразата „талент на генерација“ и „наследник на Меси“ веќе стана потрошена до крајни граници, но еден низок млад дечко со волшебна лева нога до толку ги натерал сите околу него да се вљубат во неговата игра што на 18 години доби понуда која е невозможно да се одбие.
Фалеа навивачите и фудбалот без нив со месеци беше театар, ама нивното место е сепак на трибини, а не на терен. Ултрасите на Ница влегоа во клинч со фудбалерите на Марсеј и настана големата.
И покрај тоа што целите кои ги постави ги исполни, а тоа се пласман со Македонија на ЕП и опстанок со Џенова, сепак Горан Пандев ја продолжи за уште една година неговата 20 годишна блескава кариера во италијанската елита.
Во ноември 2004. година во поранешната сала на Детроит Пистонс изби војна. Се тепаше кој со кого стигне и за малку армијата ќе интервенираше да смири страсти.
На Шпанецот Педро, детето на Барселона кој направи врвна кариера па играше во Челси и освои еден куп трофеи каде и да играше, му се падна да биде запишан во историјата како прв фудбалер после скоро пола век кој направил трансфер меѓу двата вечни римски ривали.
Атлетико Миниеро ја декласираше Ривер Плејт со 3:0 во реванш четвртфиналето од Копа Либертаторес. Натпреварот беше спектакуларен со три прекрасни голови од кои едниот е ремек дело кое се прави еднаш во кариера.
Добрите познавачи и носталгичари на италијанскиот и општо европскиот фудбал во првите години по 2000-та, на прва топка ќе се сетат на фамозниот случај „Ериберто“ од Киево, човекот кој за да избега од сиромаштија направил голема измама, па совеста го прогонувала со години.
Неговиот прв тренер во Баерн, Златко Чајковски го нарекол „дебел и низок Милер“, а денеска тој сè уште е рекордер во Бундеслигата со 365 погодоци. Со неговата убиствена реализација, Западна Германија стана светски и европски првак, а ја освои и Златната топка.
Во најдобрата лига на Мексико, Некакса после три порази конечно успеа да врзе две победи на стартот на сезоната. Синоќа со 3-0 го совладаа Пумас, а последниот гол на мечот кој го даде Родриго Агире беше права убавина.
Блескавата и долга кариера во Италија на нашиот сега веќе поранешен капитен е инспирација за многу генерации фудбалери. Со него од неодамна има среќа да тренира дете – бегалец од војна, кое добива совети како да го фати вистинскиот пат.
Тревох Чалоба е најпријатно изненадување во тимот на Челси. Како дете на овој клуб беше на разни позајмици изминативе години, а сега тренерот Тухел му даде шанса во Супер Купот на Европа каде „сините“ победија на пенали против Виљареал а Чалоба беше меѓу најдобрите играчи на терен.
Другарството меѓу Мело и Џејмс трае повеќе од две децении. Леброн еднаш раскажа како му го спасил животот на Кармело на Бахами. Двајцата мечтаеле да играат во ист тим уште од моментот кога првпат стапнаа во НБА пред 18 години!
Жерар Пике, капитенот на Барселона кој пред неколку дена се одрекнал од голем дел од платата, со цел клубот да може да ги регистрира новите засилувања, на своите профили на социјалните мрежи објави многу интересно видео. Пред 30 години, како мал го снимаат додека зема автограм од тогашната ѕвезда на Барселона, а сегашен тренер Роналд Куман.