Лионел Меси ги одигра првите минути во дресот ПСЖ. Еден вид пресвртница во неговата кариера или за некого неверување што повеќе не е игра за Барселона.
Историските два датуми по неговото напуштање на Камп Ноу после 17 сезони се два. На 10 август пристигна во Париз, а на 29-ти дебитираше во богатиот дрим тим кој цели да стигне до врвот, а тоа е Лига на шампиони.
Во 66-та минута од мечот, четвртиот судија го подигна семафорот на кој стоеше бројот 30, а Меси влезе на местото на Нејмар со кого другаруваа и освојуваа трофеи во Барса.
Навивачите на Ремс почнаа да го скандираат името на скапиот гостин и да ја полнат меморијата во телефоните за да обезбедат што повеќе дигитални сувенири, од според многумина најдобриот фудбалер во историјата на фудбалот.
Мечот веќе беше решен со двата гола на Мбапе за кој ПСЖ и Реал сè уште се натегаат околу цената на трансферот, но синоќа во Ремс шоуто го украде аргентинскиот феномен.
Во прес центарот на малиот француски клуб кој последен пат бил шампион пред 60 години, биле преплавени со 120 барања за акредитации, а поради огромната навала потоа биле пуштени уште новинари.
Тројца фоторепортери кампирале до клупата на ПСЖ за да направат што повеќе фотографии од првото појавување на Меси во Лига 1, а официјалните лица рекле дека слично вакво лудило имало со Бекам во 2013-та.
Скроз очекувано, од мечот се вртат видеа во кои фокусот е ставен само на Меси, а во деталните извештаи може дури да се прочита дека првите додавања му биле до Хакими и Верати.
„Беше многу добар од моментот кога влезе на терен. Секој пат кога ја допираше топката, ширеше мир низ целиот тим. Важно е дури и за Меси, да победи на своето деби“, изјави Покетино.
Моментот кога Меси стапна на терен.
Messi qui rentre pour son 1er match avec le PSG j'en ai des frissons 🔥🤯❤ pic.twitter.com/IpX0uBgCaA
— Lin 💫 (@LinDick_) August 29, 2021
Голманот на Ремс, Предраг Рајковиќ го сликаше син му со Меси, а потоа потпиша банер со неговото име подготвен од навивачите на Ремс.
Снимка само од него