Најелитното клупско натпреварување во Јужна Америка за прв пат доби три полуфиналисти од иста земја, а тоа е Бразил. Палмеирас vs Атлетико Миниеро и Фламенго против подобриот од дуелот меѓу Флуминенсе и Барселона од Еквадор. Што значи постојат шанси и четвртата екипа да биде бразилска.
Вакво нешто се има случено во 1966-та, но кога се играло во друг формат. Тогаш полуфиналисти станале Ривер, Бока и Индипендиенте.
Атлетико синоќа славеше голема победа против Ривер од 3:0 и со вкупни 4:1 го елиминираше аргентинскиот претставник од турнирот.
Копа Либертадорес е спектакл за гледање, а на дерби пресметките на релација Бразил - Аргентина секогаш има набој, јака навивачка атмосфера и се разбира експлозија на коментаторите кои даваат шмек, посебно на вакви голови.
Одиме со првиот за 1:0, дело на Матијас Сарачо кој се надмина себе си со акробацијава на асистенција на Хулк. Ножички со пируета. Па ова не се трга од најавните шпици.
Водството од 2:0 се случи по една контра во два потези, а егзекутор беше Хулк кој ја заврши како Меси.
Триумфот го запечати стрелецот на првиот гол.
А голманот на Атлетико ја има одбраната на колото, неделата и месецот.