Првичниот план било да се одат со едноминутен блок но подоцна штабот решава пораките да се поделат во две парчиња од по 30 секунди, За реклама од 30 секунди на Супербол (и публика од преку 100 милиони луѓе) се плаќа 5,6 милиони долари. Се има, се може.
Пред почетокот на пролетната полусезона во Втората македонска фудбалска лига (29.02), Саса и Осогово договориле пријателска средба за недела од 13:30 во Македонска Каменица. Домаќините сега ги прозиваат гостите за тоа што убедливо ги совладаа на 20-ти откомври лани со 2-5 среде Кочани во првенство.
„Пред некое време никој не знаеше за мене, а сега телефонот не престанува да ми ѕвони“, вели новата шампионка на Австралија Опен која беше една од најанонимните тенисерки на овогодинешниот турнир.
Се вика Лори Гарет, покрива научни области, добитник е на Пулицерова награда и нема епидемија по светов на која не се појавил за одвнатре да ја посматра. Ова има да го каже.
Во недела од 17:30 се игра големото дерби Тотенхем - Манчестер Сити, па Жозе уредно се појави пред новинарите. И додека се сместиле сите, Мурињо сам си поставил 3 прашања кои сигурно го очекуваа на пресот.
Имало многу такви најави за наследници на Марадона, Меси и Роналдо, ама досега ниеден не ги оствари тие предвидувања. Овојпат, Барселона од португалска Брага го купила Франсиско Тринкао, 20-годишен крилен напаѓач за кого издвоиле 31 милион евра и кој на „Камп Ноу“ ќе дојде на 1. јули.
Управата на Барселона, конкретно спортскиот сектор веќе некое време работи непрофесионално а тоа се одразува и на резултатите. Последна заврзлама е во случајот со шпицот Седрик Бакамбу.
Во салата „Дворец Менора Мивтахим“, еден од најжестоките терени во Евролигата каде домаќин е Макаби Тел Авив, Реал Мадрид синоќа успеа да му го нанесе првиот пораз на израелскиот шампион сезонава на нивен паркет - 77:81. Мечот почна во знак на сеќавање на Коби Брајант, а двете екипи последователно не ги одиграа првите напади по 24 и 8 секунди (бројките кои ги носеше Коби во кариерата).
Најозборуваното маче во јавноста, кое е можеби алката која недостига за да добие разврска случајот „Рекет“, со ексклузивно интервју за Фчерашни новости.
Да била изградена, нејзината челична рамка би била за 91 метар повисока од Ајфеловата кула, во тоа време највисоката структура направена од човечка рака. И овој рекорд би го држела повеќе од половина век, до изградбата на „кулите близначки“ во Њујорк, кои биле отворени за јавност во 1973.
Давос е само почеток на сезоната на журки на моќните. Од пусти страв случајно да не станат невлијателни, моќните и богатите глобалисти не можат да куртулат од грчот на непрестано "вмрежување".
Вечер одиме на прасе? Одиме. После одиме на фудбал? Одиме. Ама некој да повредиш некој? Нема бе. Ама немој да мислиш дека зошто сум дебел ќе бранам. Океј бе, играј ако можеш. И можам, ама и знам.
Во ваков свет каде што сексуален партнер можеш да најдеш побрзо отколку да ти достават пица, никогаш не било полесно да бркаш дечковци/девојки. Но, и покрај сите апликации и пораки во инбокс, изненадувачки голема бројка на луѓе апстинираат - и тоа не од религиозни причини или затоа што не можат да си најдат некој - нив целибатот е тоа што ги прави посреќни.
Да ги слушаш политичарите како зборуваат за 5Г е исто како да слушаш човек што прв пат се надувал како зборува за космичка свест и отворање чакри - не знаат за што зборуваат, ама сите мора да ги чујат.
Дечкото ќе ви покаже како е да си црнец а комшика да ти е стара бела жена со слаб вид. А тој ѝ се појави на радар, а таа почнува да вреска дека некој ќе ја силува.
Некоја од оние снегулки кои помпезно се нарекуваат Social Justice Warriors (при што главна воена тактика им е да го дрват за сенешто) прекинува концерт за да му каже на бендот дека она што го прават е „културна апропријација“ тоест недозволиво (?!) преземање елементи од друга културa, на пример дека Мајли Сајрус не смее да тверка пошто е тоа дел од културата на црнечките задници. А и тој клипанот е некој ко неа па фатија да се расправаат на долго и широко. Тие што биле дојдени за музика, нека си свиркаат.
Новак Ѓоковиќ го суреди големиот ривал со 3:0 (7:6, 6:4, 6:3) во полуфиналето на Австралија опен за 2 часа и 18 минути, а првиот сет го доби во тај брејк откако губеше 4:1 и 5:2 во гемови. Немоќта на Роџер може најдобро да се забележи во овој потет на крајот од првиот сет кој беше најнеизвесен.
Многу поранешни и сегашни кошаркарски работници, тренери, играчи, навивачи, се збогуваат со човекот кој го афирмираше овој спорт во земјава. Работнички остана без својот најомилен лик во клупската историја.
На сите проблеми што се откриени на Ф-35 воениот авион од следна генерација, се додава и проблем со еден од автоматите кој излезе дека не може да пука право.
Пред четири и пол години имавме привилегија да направиме интервју со кошаркар од првата петорка на КК Работнички на кој тренер бил Лечиќ. Мастрафот што го имаме од него заслужува да се урами, бидејќи тоа што ни го раскажа го нема на интернет. Дебито на Благоја било врвно.
Многу оддамна, во далечната 1998, се роди „Сексот и градот“, а со тоа и зачетокот на инфлуенсерството какво што го знаеме денес. Ова е пред повеќе од 20 години и навистина личи како да постоело во изолиран свет, во Њујорк што нема врска со денешниот Њујорк, ама сè си е тука, како ембрион на чудовиштето што го имаме денес.
Во современиот фудбал клубовите просто се натпреваруваат кој ќе промовира подреч варијанта на втора или трета гарнитура дресови. Има розеви, блескаво виолетови, жолти, црвени. Но малку е познато дека во Англија долго време биле забранети црни дресови.
Секој што во животот пробувал да се објаснува со локални власти, бирократчиња и процедурички, знае дека некогаш ова е единствениот начин за да те слушнат што имаш да им кажеш.