После една недела фемкање и фејкање во Давос, екипата ги напушта швајцарските Алпи и - главно со приватни авиони - оди директно во Вашингтон на викендот на АлфаАлфа, клуб за социјализација на околу 200 моќни и влијателни политичари и бизнисмени кои секоја година канат звучни гости на јадење, пиење и дружење. Годинава ќе им доаѓаат Џорџ Дуплове, Мит Ромни како и Тим Кук од Епл и извршниот на ЈПМорган Чејс.
Давос-АлфаАлфа е официјалниот старт на сезоната на корпоративен и политички нетворкинг меѓу една каста сочинета од највлијателните луѓе на светот. Давос е најпознатото збиралиште но постојат други кои се поинтимни и многу поексклузивни. За луѓе како Бред Смит од Мајкрософт или Шерил Сандберг од Фејсбук, појавувањето на овие места веќе им е во описот на работата - гушкања, бацувања (без допирање!), панели, изјави, вечерни журки со скапо платени диџеи....
Викендот после АлфаАлфа им е Супербол кој е станат магнет за социјализирање на високите корпоративни кругови. На пример, на журката на Спортс Илустрејтед, годинава диск-џокеј ќе биде ЦЕО-то на Голдман Сакс.
Потоа ергелата на оние кои мораат да бидат видени се враќа во Еевропа, на една престижна конференција во Минхен. Па во март им следува важен технолошки и медиумски викенд во Остин. На пролет се на фамозната Гридирон вечера и ростањето на вечерата на дописниците од Белата куќа што потоа се претвора во 71 часовно журкање. Финансиските типови ќе мора се појават и на Милкен конференцијата во ЛА а Мајкрософт има самит во мај во Сиетл. „Летниот Давос“ им е Сицилија каде на камп ги организира Гугл и каде се појавуваат ликови како Леонардо Ди Каприо, Барак Обама и сл. Потоа им следува една дешавка во Аспен, па Сан Вали каде ќе можат да дојдат со фамилии....
Добро, не ли им скурчува? Нели е можно човек да стане толку успешен и сигурен во своето богатство и професионални односи што веќе нема да мора да му е гајле за овие работи? Дека ќе дојде во фаза во која нема да треба ниту да се мери со другите ниту постојано да го јадат дилеми дали е на вистинското место?
Во тие кругови постои само еден одговор: не.