Со големо задоволство испорачувавме текстови од светот на спортот, уверени дека со големо задоволство уживавте во нив. Така беше во текот на 2019-та, а еве кои статии беа најчитани, најкоментирани, најсподелувани и предизвикаа најголем интерес.
На крајот од оваа година место да издвоиме што ја одбележа 2019-та на спортски план, решивме да го провериме тоа преку вашиот вкус. Односно што мнозинството кликаше во нашата спортска рубрика. Тоа што го очекувавме излезе на виделина. Доминира европскиот шампион РК Вардар.
Од прославата со трите јубилеи во едно, 20 години Лолај Фанс, 10 години братство со Војдови и 5 години Комити Маџари, кои ги прославија на дербито против Шкендија, Комити извадија ново парче видео. Овој пат во главна улога е млада навивачка на Вардар по име Фросина Пепоска која растури под Запад.
Вардар и Шкендија викендов одиграа возбудлив натпревар кој заврши 2:2. Дербито мина во знакот на Комити кои прославија неколку јубилеи: 20 години Лолај Фанс, 10 години братство со Војдови, 5 години Комити Маџари, но и есенска титула за Црвено црните. Филип Гачевски беше во елемент.
Во недела од 13:00 часот се игра големото дерби во македонската прва лига меѓу Вардар и Шкендија. Скопскиот тим игра одлична полусезона и им бега на Тетовци 8 бода пред крајот на есенската полусезона. Комитите спремаат прослава на неколку јубилеи.
Денес меѓу навивачите секој си толкува како што му одговара, па така оние на чаирска Слога прославија јубилеј од 30 години од своето основање (веројатно кога првпат го виделе стадионот, затоа што јубилеј се слави кога првпат си започнал со организирано навивање а тоа подразбира сè што подразбира, не грицкање семки).
И покрај многуте проблеми со повредени играчи, Вардар го совлада укранскиот првак Мотор Запорожје со 44:37 и се искачи на првата позиција во групата. СЕХА лига за гол на колото се реши да го издвои овој на капитенот кој двајца не можеа да го сопрат, а третиот не се ни обиде откако сфати кој се пробива.
Марко Кизиќ има само 18 години а веќе најавува за каков талент станува збор. Синоќа на мечот Вардар - Мешков Брест, Кизиќ бранеше 15-ина минути во кои направи шоу после што ЕХФ ја прогласи неговата одбрана за голманска интервенција на колото.
По 156 пат дербито Вардар - Шкендија во Тетово завршува со нецивилизарано однесување на домашните навивачи кои ги каменуваат гостите како да се наоѓаат во камено време. Плус им служат и како “одличен“ пример на децата што собираат топки, па сега и тие учат од нив.
Реваншот од 1/8 финале на Купот на Македонија меѓу Шкендија и Вардар (првиот меч во Скопје заврши 2:2) беше тензичен. Во 88’ минута при една топка во гол-аут, детето задолжено за топки го провоцираше голманот на Скопјани Филип Гачевски кој не издржа и тргна кон него, по што настана хаос. На крајот Шкендија победи со 1:0 и се пласираше во 1/4 финале, а Вардар дури и по 12 години остана без можност да се бори за пехарот во Купот.
Откако го објавивме голчиштето на стоперот од полскиот второлигаш Јастржебје, првиот што ни остави коментар, ни пиша дека и во Вардар неодамна се случила иста таква лудорија. И стварно. Се вика Максим Милошевски, има 15 години и голманот го направи гледач во Синеплекс.
Ние уште на северна не сме се навикнале, а овие од Веспрем каша попара направија на Твитер. Утре ќе барале одмазда, не против македонскиот, не против европскиот, туку против јужно-македонскиот првак. Бришете тоа, да не ви рипнат овие јужно од нас.
Актуелниот европски шампион го одигра можеби најслабиот европски натпревар во клупската историја, откако вечерва изгуби дома од Кил 20-31 пред своја публика.
Убава и голема беше синоќешната победа на Македонија против Словенија која котира 11 места погоре од нас на ранг листата на ФИФА. Пред сè поради тоа што и покрај тешкотиите кои следат, сепак остануваме во игра за пласман на ЕП. Капитенот на Вардар го величи нашиот фудбалски бисер.
По триумфот против Монпеље, а потоа и Порто, европскиот првак го забележа и третиот триумф во елитата. Овој пат падна Мотор Запорожје во Украина со тесни 30:31.
Ракометарите на Вардар со триумф ја отворија домашната сезона во Лига на шампиони, откако вечерва во Скопје со 32-27 (14-16) го добија португалскиот шампион.
Иако оди на тренинзи каде може да ги следи тактиките, но не и тренира поради повреда, сепак капитенот на Вардар е со мислите и со телефонот во Словенија, каде македонската одбојкарска репрезентација синоќа на европско направи голем подвиг против домаќинот. Човекот кој добива огромна поддршка, знае и да ја даде на оние што им е потребна.
Македонскиот, регионален и европски шампион Вардар со карактер и авторитет ја стартуваше новата сезона во ракометната Лига на шампиони. Падна Монпеље, незгодниот француски противник кого го совладаа и ланска сезона во прво коло.
По долги исчекувања, МТВ конечно ја израдува македонската јавност која не ги поседува регионалните спортски канали кои пренесуваа ракометна ЛШ. На отворањето на сезоната, европскиот шампион Вардар му гостува како и лани на француски Монпелје а тој меч ќе оди во директен пренос на МРТ.
Тие му пејат: Столе ти си наша икона, а тој во Европа ги претставува како најдобри навивачи меѓу кои вели дека е и самиот тој. Ете така се претставува своето во интервју, покрај се разбира на паркетот каде крвари за Вардар.
Европскиот шампион го претстави својот нов предводник од клупата. Станува збор за шпански тренер кој ќе се обиде да ги повтори епските успеси на неговите сонародници кои ги водеа црвено-црните.