Монпеље и Вардар одиграа егал натпревар во кој тешко беше да се стигне до одлепување на било која од двете страни. Домаќините беа тие кои бркаа негатива во стартните 15 минута од средбата, а потоа улогија си ги сменија.
Минималната предност на Монпеље на полувреме од 17:16, беше само показател плус за израмнетиот меч. Вардарци на почеток од вториот дел направија серија од 3+, но немаше константно цврста игра и работите на паркетот резултатски брзо се менуваа.
Нерешениот резултат во 55-та минута само ја најави драмата во финишот. И покрај тоа што не се 100% подготвени и физички и играчки, сепак Вардар му покажа на Монпеље кој е тука европски првак. Со предност од +2 во последните 3 минути полека стануваше јасно кој ќе слави.
Во претпоследата минута Монпеље испушти шанса да дојде до -1, но судијата покажа престап, а Вардар во последната минута отиде во напад со комотна предност. За кусо време Французите успеаа да искористат една грешка на црвено црните и преку контра да намалат на еден гол.
Потоа останаа 15 секунди во кој со пресинг и бркање по паркетот се обидоа да им соберат уште една топка за да стигнат до евентуално израмнување. Но со искуството и смиреноста која ја имаат, момците на Писонеро ја задржаа топката, па дури и постигнаа уште еден гол пред истекот на последните секунди за конечни 31:33.
Скубе и Дибиров беа најпрецизни со по 6 погодоци.
Во второ коло на 22 септември Вардар го пречекува Порто.