Три од десетте најчитани статии за 2019-та се поврзани со европската шампионска титула на РК Вардар. Што е и за очекување, бидејќи оваа година беше реприза на 2017-та. Вардарци одновно во Келн и одновно на врвот на Европа и покрај сите внатрешни проблеми околу финансии. Одиме по ред од 10-та до прва позиција.
10. Историската и легендарна фотка со Пандев, како почеток на една блескава кариера во италијанскиот фудбал кој му донесе голема слава и трофеј во Лига на шампиони.
ВАКА ПОЧНА СÈ
9. Километарските колони од аеродром до Скопје кои не може да се направат спонтато со ниту еден друг настан да не е ракометот.
ДА ЗНАЕ АВТОПАТОВ ДА ЗБОРИ
8. Слободниот удар на Гурник Забже од Полска кој го видовме во 2019-та и повеќе никогаш нема да видиме таков.
КОМБИНАЦИЈА КОЈА НИКОЈ НА ПЛАНЕТАВА НЕ ЈА ОЧЕКУВАШЕ
7. Со помош на вас го откривме фудбалскиот терен на векот. Кај се наоѓа? Па кај нас де.
НАЈЈАКИОТ ФУДБАЛСКИ ТЕРЕН ВО МАКЕДОНИЈА СЕ НАОЃА ВО СЕЛО СЕНОКОС
6. Светот за малку мислеше дека ќе гледа како Нејмар води љубов, ама сепак бразилската ѕвезда имаше неуспешен обид и на крај го загуби дуелот, барем тој што го видовме.
ИЗЛЕЗЕ ВИДЕО СО НЕЈМАР И СТАРЛЕТАТА
5. Нема што ние да ви го опишуваме. Си има двајца цареви за тоа. Антологија е ова.
ПОСЛЕДНИОТ ГОЛ НА СТОЛЕ ЗА ДЕЛИРИУМ ВО КЕЛН
4. Најзабавниот момент од Скопскиот маратон.
МАРАТОНКАТА КОЈА СИ СВИКА ТАЈМ АУТ КАЈ МЛЕЧЕН
3. Друже Гунарсон, тука не можеме да ти помогнеме. Се работи за инвестиција и знаење.
НЕ МОЖЕШ ДА ИМ ГО СОПРЕШ ПИКЕРОТ, 140 КИЛА ИМА
2. Многу, ама многу се смеевме со овој.
ГО ИМАМЕ ВИДЕОТО НА ДЕНОТ
И на крај одиме со статијата број 1 според број на кликови, а тоа се:
1. Царевите од коментатори кои грлата ги оставија за Вардар и потоа дојдоа на прославата на плоштад.
ТВИТ НА ДЕНОТ ЗА КОМЕНТАТОРИТЕ КОИ ЗАРИПНАА ЗА ВАРДАР