Конечно се случи и тоа. Просто е неверојатно, ама вистинито. Бен Симонс, лидерот на Филаделфија ја постигна својата прва тројка после ЦЕЛИ 172 натпревари (две ипол сезони) во НБА со се плејофот.
Во дербито на вечерта, моќниот Хјустон предводен од лудиот Харден ги доби Клиперси со 102-93. „Брадата“ постигна страшни 47 поени (12/26 од игра од кои 7/13 за три поени и 16/17 слободни за 44 минути), но хајлајт на мечот беше моментот кога Остин Риверс, кошаркарот на Хјустон бараше од судијата да го исклучи од игра татко му Док Риверс кој ги води Клиперс.
По триумфот против Монпеље, а потоа и Порто, европскиот првак го забележа и третиот триумф во елитата. Овој пат падна Мотор Запорожје во Украина со тесни 30:31.
Ракометарите на Вардар со триумф ја отворија домашната сезона во Лига на шампиони, откако вечерва во Скопје со 32-27 (14-16) го добија португалскиот шампион.
Иако правилата биле многу строги, следувале казни и санкции за нивно прекршување, најголемиот на сите времиња решил да тера по свое и на крајот го прослави бројот 23. Многу генерации израснаа со оваа бројка во чест на Џордан.
Синоќа во Торонто се одржа првата шампионска парада во историјата на овој град. На улиците излегле повеќе од 1,5 милиони жители. Првите почнале да се собираат уште во 5 сабајле. Имало пукотници, огномети, истрели, нереди и многу испиен алкохол.
Европскиот шампион го претстави својот нов предводник од клупата. Станува збор за шпански тренер кој ќе се обиде да ги повтори епските успеси на неговите сонародници кои ги водеа црвено-црните.
Од бездната до врвот, накратко може да се опише гостувањето на Вардар кај Пик Сегед на реванш мечот од четвртфиналето во Лигата на шампионите. „Црвено-црните“ одиграа бледи први 30 минути и супер второ полувреме за трет пласман на Ф4!
„Рокетси“ погодија 27 тројки од 57 обиди во домашниот убедлив триумф над Феникс и поставија нов рекорд во НБА лигата по број на прецизни шута за три поени.
Немаше ни „Д“ од балканско дерби во осминафиналето од Лигата на шампионите. Вардар е класи поголем и помоќен противник од хрватскиот претставник кој џабе ќе доаѓа на реванш во Скопје.
И покрај сите најави дека Вардар ќе има тешко гостување кај германскиот гигант Рајн-Некар, „црвено-црните“ од почеток до крај на мечот демонстрираа шампионски ракомет и славеа 27:30.