Починал во 1962 како пензиониран наставник по цртање. Доживеал извесен успех на почетокот на кариерата, но во текот на Големата депресија бил заборавен, со оглед на тоа што на луѓето во тој период не им била потребна уметност. Триесет години предавал сликарство, а меѓу неговите ученици имало и такви кои историјата ги запомнила.
Нов филм во продукција на Дизни+ раскажува за „серумската трка“ од 1925, кога по патека долга над 1000 километри низ ледената Аљаска бил пренесуван лек за дифтерија, на санки влечени од кучиња. Како што често се случува и со човечките херои, долго време по настанот му била оддавана почит на погрешното куче.
Сместено помеѓу Апенинските планини и Јадранското море во централна Италија, гратчето Пиобико се избори за необична титула - светско седиште на грдите.
Климатските промени, вооруженото насилство, вистински или проектирани закани и кризи во светските вести во текот на годината што изминува, направи најчесто пребаруван збор на популарниот сајт dictionary.com да има врска со најосновното - нашиот опстанок и егзистенција.
Изговорена среде старата скопска чаршија, горната изјава може да зазвучи радикално. Но оваа изложба не само што ја промовира, туку и ја поткрепува со наоди од палеолит до денес.
Пресек на театарот на 20 век, овие не кратки, туку најкратки пиеси на целиот свет, се вистинска потврда на старата изрека - дека уметноста го имитира животот. А тој е апсурден, смешен, меланхоличен, брз, гневен и често многу, многу краток.
Стана славен по своите истражувања на племето Јаномами во амазонската прашума. Но неговите методи го направија неомилен помеѓу поголемиот број колеги-антрополози.
Денес, 28.11 во 20 часот во Музејот на современа уметност во Скопје ќе се одржи необичен перформанс под наслов „Интуитивно зуење на спиралата“, кој вклучува глина, грнчарско колце и женски глас.
Мотото на вознемирувачкиот документарец за Мајкл Џексон, Leaving Neverland, беше: „Тежок да се гледа, потежок да се игнорира, невозможно да се заборави“. Во него главно стануваше збор за сексуална злоупотреба на две некогашни деца. Е овој е за повеќе од 200, злоупотребени од ист човек.
Бил шармер кој зборувал неколку јазици и тврдел дека „речиси“ работел со Стивен Хокинг. Поради склоп на околности завршил живеејќи на автомобилски паркинг, и починал сосем сам.
Изложба која се отвара утре, 31.10 во Лондон, нуди можност човек да се наспие. Но и да биде свесен за сите дразби кои во секојдневниот живот го држат буден.
На 24.10 (четврток) од 20.30 часот во кино Милениум започнува неколкудневен фестивал, на кој ќе бидат прикажани шест грчки филмови. Помеѓу нив е и дебитантскиот на едно ново име во грчката кинематографија, Никос Лабот.
Koга умрел во Швајцарија, Ирците не можеле да бидат порамнодушни. Ги интересирало само дали погребот бил католички. Сега, скоро 80 години подоцна, одеднаш им текна да бараат репатријација на неговите остатоци.