„Егизстенцијално“ изби на врвот на пребарувањата на dictionary.com по последиците на масовните пожари во САД и ураганот Доријан, како и по вооружениот напад во Крајстчрч, Нов Зеланд, и Ел Пасо, Тексас.
„Според нашите податоци, фрекфенцијата на пребарување на овој збор покажува едно чувство на несигурност за нашиот опстанок, и буквално и фигуративно“, изјавил Џон Кели, истражувач и уредник на сајтот.
Влијание врз популарноста на зборот имал и филмот „Приказна за играчките 4“ во кој лик по име Форки - бела пластична лажилушка (комбинација на лажица и вилушка) мисли дека е отпад, минува низ егзистенцијална криза, за потоа да прифати дека и таков, никаков, може да биде омилена играчка на едно дете (ако ве интересира целосна анализа на филмот во контекст на филозофијата на Жан-Пол Сартр тука).
Оксфордските речници го одбраа терминот „климатска итност“ (climate emergency) како свој збор на годината, со коментар дека тој го одразува „етосот, расположението и преокупациите изминатата година“.
„Егзистенцијално“ според етимолошките речници датира од 1685, со потекло од латинското existentialis. Сепак, во историјата на користењето на поимот тој е најчесто асоциран со филозофи и писатели како Хајдегер, Сартр, Кафка или Ками.