По скандалот за ФИРОМ во Евролигата решил на даљинското да стисне муте и да не дава повеќе интервју, па затоа сега после неколку години можеме да го чуеме отворено на повеќе теми. Од тоа како во одбрана на колега фатил двајца американски џандари за рамо, па до откривањето на две врвни имиња кои ќе едуцираат тренери во Македонија ако стане прв човек на МКФ.
Меѓу облакот на Гугл и облакот на Амазон, Епл се одлучи на повеќегодишно користење на сервисот на овие вториве, и моментално е еден од нивните најголеми клиенти, со најголема месечна фактура.
Филипинскиот претседател Ропдриго Дутерте се закани дека ќе ѝ објави војна на Канада доколку во најскоро време не си го собере ѓубрето кое една канадска компанија најџукелски им го истури пред 6 години.
Ја составил вонбрачниот син на Колумбо, и со векови никој не знаел каде точно се наоѓа. Сè додека неодамна не искрснала среде збирка на исландски истражувач која се чува во Копенхаген.
Пред некое време пишувавме за тоа како корејскиот поп стана глобален феномен, спомнувајќи ги Би-ти-ес, момчешки бенд кој во 2017 прерасна во еден од најголемите нови феномени во САД. Сега тие имаат нов албум, кој има врска, ни повеќе ни помалку, туку со основачот на аналитичката психологија.
Хет-трик за Мбапе против Монако, титула за ПСЖ на пет кола до крај и 30 голови за младичот со кои го израмни рекордот на Анри на најмногу постигнати голови во една сезона на еден француски фудбалер. Него нас друго ни е муабетот.
Пред 30 години Наполи го освои Купот на УЕФА, единствениот меѓународен трофеј во историјата на клубот. Во финале го совладаа Штутгарт, а на денешен ден играа во полуфинале со Баерн Минхен. Додека во позадина се слушаше познатиот хит „Live is Life“, Марадона се загреваше во ритам и правеше шоу со топката.
Челните луѓе на холандската фудбалска лига го одложиле целото коло во првата Ередивизија пред важниот меч на Ајакс со Тотенхем во полуфиналето на Лига на шампиони. Клубовите не баш најсреќни што се поместува распоредот, ама ајде за општо добро е.
Вест на неделата беше големиот пожар кој ја зафати најпознатата светска катедрала на Пресвета Богородица во Париз. Зданието многу настрада, па голем број луѓе учествуваат во собирање средства за возобновување.
Скоро и да нема не само фудбалер, туку играч во кој било колективен спорт кој спокојно и мирно седи на клупата за резерви. Единствен таков пример е Фернандо Љоренте, шпанскиот див кој без приговор чека шанса и се става во служба на генерал Почетино.
Реваншот меѓу Манчестер Сити и Тотенхем донесе незапамтена драма. После 21 минута резултатот беше 3-2, а на крајот вкупно 7 гола и пласман на Хотспур во големото полуфинале. Ливерпул до врв ја наполни мрежата на Порто.
Пласманот на Ајакс во полуфинале на Лига на шампиони е уникатен не само поради тоа што последен пат стигнаа до оваа рунда пред цели 22 години, туку и поради астрономската заработка.
Во веројатно најскапата скара на светот, двајца Италијанци ќе треба да платат 13,5 милиони евра за штетата што ја направиле од едно единствено правење скара.
Јуми Ишикава, актерка и модел започнува дискусија на национално ниво, за сексистичките правила на работно место во Јапонија, кои на жените им налагаат да носат штикли. Соодветниот хаштаг? #KuToo.
Неверојатната генерација фудбалери на Ајакс откако си поигра со Реал Мадрид во 1/8 финале, вечерва во Торино нокаутираше уште еден голем фаворит за титулата во ЛШ. Барселона тренираше со Манчестер Јунајтед.
Најдобриот играч на сите времиња според многумина, има астрономски договор со американскиот гигант за спортска опрема. Португалецот, како амбасадор на Најк треба да го чува своето тело и да не отсуствува од фудбалските терени повеќе од договорениот период.
Во овој олимписки спорт наоѓал лично задоволство кое кога наполнил 20 и кусур години не му го полнело празниот новчаник, па решил да се проба на други полиња и да заборави на најголемата љубов.