Една недела по неговата смрт, светот уште се испраќа со Марадона. Не било вака за друга спортска личност. Човекот со кој ја поделија наградата за играч на 20-ти век според ФИФА, му напиша писмо.
Да, Оливие Жиру важи за оспоруван напаѓач, а всушност се работи за уште една стара коска меѓу напаѓачите или ако сакате старо добро вино. Сам ја потепа Севиља со 4 комада и му донесе прво место на Челси на едно коло до крај.
Фантастичен фудбал гледавме вечерва во претпоследното коло од групната фаза во ЛШ. Пари Сен Жермен успеа да освои 3 златни бода против Јунајтед и да остане во игра за нокаут фазата. Лацио до важен бод во Дортмунд, а Жиру направи чудо со 4 комада во Андалузија.
Иако се чинеше дека новите форми на цензура кои се правдаат со борба против лажни вести првенствено се насочени кон крајната десница, левицата (онаа традиционална, не оваа новата мода на снегулките) со години ја трпи опресијата на алгоритмите.
Створи големо богатство и не му е проблем, но за ова треба да се има и великодушност. Светскиот тенисер број 1 направи гест број 1 во својата земја и им обезбеди беслатни подготовки во својот тренинг центар на сите тенисери.
„Уметноста овде е на маргините на општеството. Mладите се препуштени на евтиност, пореметени вредности, или се осудени на иселување од земјата, на бежанија од овде. Па, некогаш најдобрите ги протеруваа на Сибир. Тоа во вакви режими е природно,“ ќе каже Сека Саблиќ во едно интервју за магазинот НИН.
Во период во кој се радуваме на каков и да е филмски производ кој доволно интензивно би ни го оттргнал вниманието од вон-филмската реалност, „Слом“ сепак не истрајува во она што го ветува со првите епизоди.
Фудбалскиот свет некако со посебна страст се изразува и со денови го испраќа Диего Армандо Марадона. А пак за неговата страст да не зборуваме. Цел живот го живееше така, не само фудбалот. Погледне со колкава жар и емоции пее песна за себе и колку моќна кулминација има во рефренот. Морници.
Во неделата вечер Манчестер Јунајтед губеше со 2-0 но на крајот благодарение на неверојатниот Единсон Кавани успеа да направи целосен пресврт и да слави со 2-3. Ама Уругваецот сега е на удар на англиската јавност и го чека казна.
Грозна била, ќе ја сечеле со пила, тешко било да влезат во болидот поради неа и не знам ти уште какви критики немаше од Ф1 возачите за шипката без која Грожан денеска ќе беше минато.
Доаѓа во сиромашниот Југ и среќава скромна екипа со ограничени можности. Во конкуренција на моќните и богати Интер, Милан и Јувентус на Наполи му носи две скудета и ја добива титулата крал на Неапол.
Снимката е од 2005-та. Диего има 45 години, а Лео 18. Во другиот пар е Карлос Тевез со уште еден. Нема потреба да ви кажуваме кој е главен и како ќе заврши. Абе и со газ им ја враќаше.
Луис Хамилтон е победник на трката за Големата награда на Бахреин, но сите зборуваат за опасната несреќа во која Роман Грожан со голема брзина удри во оградата и од пожар успеа да се извлече жив и речиси потполно здрав.
Само околу половина од вообичаениот број на купувачи стапнале во американските продавници за време на распродажбите за Црниот петок, денот кога сите тие очекуваат нивните дуќани да бидат преплавени од луѓе излудени од попусти.
Најљубезно се моли Венко Филипче да не ги релативизира работите со неговите паушални изјави, како неговиот шеф пред неколку дена. Денеска изјави дека смртноста била висока насекаде и дека немало потреба од полициски час и други мерки.
Еден поинаков автогол од сите други ни доаѓа од Словенија, каде играчот со број 4 во вода му го фрли трудот на голманот и уште поточно, му ја поништи одбраната од пенал.
Во меч на два поранешни клуба на Марадона во аргентинскиот лига Куп (од 25 ноември Куп Диего Армандо Марадона), Бока со 2-0 го победи Њуелс. Едвин Кардона ги постигна двата гола кои играчите му ги посветија на Диего пред ќерка му.