Примери на суптилен сексизам што најверојатно ви се познати

„Не се курчи, тоа не е привлечно кај жена“. Дека маж што се курчи - еве вени исековме, готово.

  • Јас и колегата држиме говори на истите настани. Него му аплаудираат дека е маж што зборува за феминистичка теорија дури и по најконтроверзните/најнеточните обраќања. Јас кога предавам, постојано ме прекинуваат и ми поставуваат напорни прашања. Еднаш еден ми побара извор за изјавата: „Жените имаат чувства, исто како мажите.“
  • Сестра ми беше келнерка и шефицата нејзе и на другите келнерки им имаше кажано да се смешкаат и целото внимание да го посветат на мажот на масата, затоа што тој плаќа и ќе добијат поголем бакшиш.
  • Директорка сум во една компанија и секогаш кога ќе влезе некој, ме прашуваат дали сум секретарката.
  • Работам во продавница и влезе еден постар човек и ми рече „Имаш ли ти доволно години да работиш тука? Личиш на дете.“ Кога на крај му кажав колку треба да плати, ми рече „Знаеш, кога некој ќе ти даде комплимент, треба да кажеш фала.“
  • Наставничка сум, а порано работев во војска. Имавме некаква обука и предавачот праша дали некој познава воени лица. Јас кренав рака и уште еден човек. Него го прашаа дали е всушност тој, мене ме прашаа дали е маж ми.
  • Машки клиенти пробуваат да ми објаснат на телефон што е проблемот и како се решава, откако ќе чујат женски глас, претпоставувајќи дека не се разбирам во ИТ. Без разлика што се јавуваат во техничка поддршка и им требам ЈАС за да им помогнам.
  • Откако ме унапредија, еден колега ми рече дека сум „кучка“ што сум барала биро во канцеларија, без разлика што тој имаше три бироа во неговата.
  • Еднаш работев во фаст фуд ресторан. Еден муштерија си ја зема храната и за 5 минути му се јави на шефот да му се жали дека не сум му се насмевнала.
  • Висока сум 1.77 м. Еден од колегите не пропушта да искоментира кога носам штикли, од типот „О, па тебе не треба да ти е дозволено да бидеш толку висока“, или „Како е времето горе?“

И најјакото:

  • На местото каде што работев, дојде човек и ме праша каде е една канцеларија и дали може да му ја покажам. Додека го водев неатаму, ми рече, „Се движиш како да си газдарица на местово. Не се курчи, тоа не е привлечно за жена.“ 

Само затоа што знаев каде одам.

30 ноември 2020 - 11:35