Градското дерби меѓу Вардар и Работнички викендов се врати онаму каде што му е местото, на Градски. Навивачка атмосфера, песни, Комити, Вршац, пиво, легенди, бивши спонзори и претседатели. Убаво.
До крајот на сезоната во македонскиот фудбалски шампионат има 7 кола и нешто повеќе од месец дена. Црвено црните ќе се соочат со дури пет противници на кои исто така им гори.
Со голот на Дејан Ѓуриќ во 73-та минута, ФК Вардар го урна актуелниот шампион на Македонија, Струга Трим Љум и за еден бод избега од опасната зона на испаѓање. Фудбалерите водат грчевита борба за опстанок, а Комити борба за финансиски опстанок. Истовремено се во топ форма со цртање графити и правење прекрасни кореографии.
Фудбалерите на Вардар стигнаа до многу важни 3 бода во борбата за опстанок. На стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари го совладаа градскиот ривал Работнички. Стрелец на единствениот гол на мечот беше Дарко Глишиќ кој со едно безопасно нафрлување од корнер, го совлада голманот Алексовски кој остана збунет.
Вардар го загуби дербито на колото од Шкендија со 3:0 и се со соочи со скандалозно однесување на домашните навивачи кои симулираа погреб за црвено црните, ставајќи ги во ковчег кој заврши во пеколот.
„Кога пиеме кафе со Чупиќ и Дибиров, зборуваме секогаш за Вардар бидејќи за нас тоа беше најважното“, вели незаборавниот стратег на вардарци, кој секогаш кога доаѓа во Македонија се чувствува како дома.
Францускиот ракометен гигант пристигна со авион во Охрид, па со автобус преку Ресен и Ѓавато стаса во Битола за гостувањето во ЛШ кое очекувано го доби против Еурофарм Пелистер. Раул како поранешен тренер на Вардар и селекторот на Македонија, важи за фаца кај нас. Вработени од аеродромот во Охрид го застанаа за сликање и автограми.
Во ситуација кога играат, а и да не играа викендов: Атлетико - Реал, Борусија - Баерн, Милан - Интер, Манчестер Јунајтед- Арсенал и Фенербахче - Галатасарај, читател ни испрати доказ дека најголема тепачка за карти имало за скопското дерби меѓу Вардар и Работнички.
По убедливиот триумф над европскиот шампион минатиот викенд, Вардар и вечерва демонстрираше страшна форма и го прегази германскиот шампион Некар Левен со 27:33 (16-17).
Ракометарите на Вардар ја забележаа и четвртата победа во исто толку кола во Лигата на шампионите, откако вечерва потешко од очекувањата ја совлада 30:27.
Во третиот меч од групата Б во Лигата на шампионите, ракометарите на Вардар успешно го пребродија гостувањето во Словенија 26-32 и дома се враќаат со нови бодови.
Во вторникот беше тешко да се реши човек кој од трите бомби на Јувентус, Монако и Копенхаген е најубав за око. Но од спортската среда ќе го издвоиме оној од нашата лига од мечот Вардар - Пелистер 1:1. Фелипе и Којашевиќ најверојатно ова го вежбале на тренинг.
Ракометарите на македонскиот шампион Вардар надмоќно победија на гостувањето во Шведска против Кристијанштад 23:28 (12:15) и ги заокружија првите бодови во новата сезона во Лигата на шампионите.
На таа ’99-та година се сеќаваме по двомечот на прилепска Победа против Перуџа во Интертото Купот, а ретко кој памети дека во истото натпреварување Цементарница 55 несреќно испадна од рускиот Ростелмаш предводен од Сергеј Андреев, поранешниот тренер на Вардар.
Од вкупно 24 екипи кои учествуваа во квалификации за Лигата на шампионите и Лига Европа, само еден клуб успеа да влезе во фазата по групи. Време ли е за Јадранска лига?
На 53 годишнината од катастрофалниот земјотрес кој го погоди Скопје, ќе ве потсетиме на еден од незаборавните и најтешките преноси кој го вршел доајенот на радио репортерството, Ивко Панговски.
Фудбалерите на Вардар покажаа заби на реванш квалификацискиот дуел од Лигата на шампионите и на два пати имаа водство, но со двата пенали за кои сами се виновни, не успеаа да направат сензација и да го елиминираат Динамо Загреб.
Двомечот од квалификациите за ЛШ меѓу Динамо З. и Вардар ги присети актерите на некои други времиња и донесе неколку необични моменти. Како на пример тоа дека десната рака на тренерот на „Модрите" има и друга професија.
Среќата на овосезонската ждрепка за квалификациите за ЛШ очигледно доцна стигна за Вардарци кои ќе треба да направат чудо во Загреб за во следната фаза додат до полесен противник и да обезбедат евентуална Лига на Европа.
Актуелниот шампион на Македонија ги демантираше натписите за незаборавната вечер која сопственикот на Вардар, Сергеј Самсоненко им ја приредил на Хрватите.
Газдата на Вардар пееше песни од Тоше и Чолиќ, настрадаа 50 чинии во грчки стил, а инаку вложува 15 милиони евра годишно во сите клубови на Вардар. Да ги дигнеме на нозе сите ресторани во Загреб и сите тамбураши, не можеме да ги дочекаме вака, пишува Спортске новости.
Вардар имаше вкупно 17 удари од кои 4 во рамки на гол (пречка и две стативи). Динамо Загреб вкупно 18 од кои само еден во рамки на гол. Голема штета што со таа игра и шанси не успеавме да извадиме барем нерешено против најсилниот тим на балканот. Инаку Србите имаа тв преноси од 4 свои претставници во Европа (Црвена Ѕвезда, Партизан, Чукарички и Војводина), а ние ниту еден, па бујрум за тие што не беа на стадион.
И покрај добрата игра и шансите, Вардар загуби од Динамо Загреб и на реваншот на Максимир ќе патува со негатива, Добра атмосфера, солидно навивање и многу неискористени прилики за Црвено-црните.
Македонскиот шампион немаше среќа на првиот квалификациски дуел за Лигата на шампионите. Пропушти многу шанси, особено во вториот дел, а тоа скапо ќе ги чини бидејќи во Загреб ќе патуваат со негатива од 1:2.
Квалификацискиот дуел за ЛШ меѓу Вардар и Динамо Загреб ги врати Хрватите во 1958-ма и 1982-ра бидејќи во тие две години титулите во југословенското првенство ги освојуваа во Скопје. Мечот од 82-ра го опишуваат како улична борба.