На денешната ждрепка за третото, претпоследно коло од квалификациите за ЛШ беа вклучени третопласираниот тим од шесторангираната федерација (Франција) плус второпласираните тимови од федерациите рангирани од 7-мо до 15-то место во УЕФА. Петте тимови со најголем коефицент беа во иста колона.
Црвено-црните, за разлика од ждрепката за тековната рунда во која го извлекоа фаворитот Динамо Загреб, овојпат имаа среќа во несреќа да им падне најпосакуваниот противник во случај да ги минат „Модрите“. Во првиот дуел меѓу шампионите на своите земји Динамо Тбилиси и Алкашерт, домаќините во Грузија славеа со 2:0 и се близу пласман во 3. коло.
ЖДРЕПКА ЗА 3. КВАЛИФИКАЦИСКО КОЛО ЗА ЛШ, ШАМПИОНСКА РУТА:
Жалгирис Вилнус/Астана - Линколн/Селтик
Вардар/Динамо Загреб - Алкашерт/Динамо Тбилиси (0:2)
Викторија Плзен - Карабах/Дуделанж
Астра Ѓорѓу - Крусејдерс/Копенхаген
Бате Борисов/СЈК Сеинајоки - Дандалк/Хафнафјордур
Лудогорец Разград/Младост Подгорица - Валета/Црвена Звезда
Партизани/Ференцварош - Салцбург/Лиепаја
Розенборг/Норкопинг - Њу Сеинтс/АПОЕЛ
Олимпијакос - Хапоел Бер-Шева/Шериф
Олимпија Љубљана/Тренчин - Зрињски/Легија Варшава
ЛИГА РУТА:
Ајакс - ПАОК
Спарта Прага - Стеауа Букурешт
Шахтјор Донецк - Јанг Бојс Берн
Ростов - Андерлехт
Фенербахче - Монако
Првите средби ќе се играат на 26/27 јули а реваншите на 2/3 август.
Ждрепката за групната фаза ќе се одржи на 25. август. Сигурни учесници во Лигата на шампионите се: Реал Мадрид, Барселона, Лестер, Баерн Минхен, Јувентус, Бенфика, ПСЖ, ЦСКА Москва, Атлетико Мадрид, Борусија Дортмунд, Арсенал, Севиља, Наполи, Баер Леверкузен, Базел, Тотенхем Хотспур, Динамо Киев, Лион, ПСВ Ајндховен, Спортинг Лисабон, Клуб Бриж и Бешикташ.