Мртвата трка за опстанок на вардарци од денеска станува многу важна, бидејќи со почеток од 15 часот ќе ја водат против Работнички.
Се работи за градска фудбалска класика, која некогаш се биеше за врвот, а овој пат целта за двете екипи е да се избегне опасниот дел од табелата.
Вардар под водство на Горазд Михајлов (за оние кои не знаат син на легендарниот Зоран Михајлов) е во добар момент.
Минатото коло го совлада актуешниот шампион Струга Трим Љум и со еден бод ја избегнаа позицијата која води во втора лига.
На последните 5 меча имаат 2 победи, 2 нерешени и само еден пораз, додека Работнички е во лоша серија од 4 порази на последните 5 средби и едно реми.
Црвено црните денеска се враќаат на Градски како што и му доликува на нашиот најголем спортски бренд, но како гости на романтичарите кои сезонава два пати ги добија на стадионот во Маџари.
Комити се мобилизираат на големо за Западната трибина и повикуваат на масовна поддршка.
Таа ќе му треба на тимот не само денеска, туку на вкупно сите 7 меча до крај кои ќе бидат како финалиња за 11 кратниот првак на Македонија.
Внимавајте добро на овој пеколниот распоред кој го имаат до крај. Почнувајќи од денес ќе треба да одиграат пет директни дуели за опстанок.
Неизвесноста е до толку голема, што ниту една екипа ни од близу не е блиску до математичко испаѓање. Од седмиот до последниот, разликата е 8 бода, односно пола лига се бори за опстанол.
Во втора лига директно одат последните две екипи, а 10-то ќе игра бараж.
Распоредот на Вардар:
14 април: Работнички - Вардар
21 април: Вардар - Воска Спорт
28 април: Академија Пандев - Вардар
1 мај: Брегалница Штип - Вардар
5 мај: Вардар - Македонија Ѓорче Петров
12 мај: Силекс - Вардар
19 мај: Вардар - Тиквеш