Најдобрата понуда во мобилната телефонија со неверојатни 100GB мобилен интернет месечно, богато конвергентно портфолио, најсовремени телефони и супериорна услуга на најбрзата мобилна мрежа се само дел од поволностите што ги добиваат корисниците на А1 Македонија во септемвриската промоција.
На 17 години Вики Сарфати влегува во брак со маж кој ќе стане најбогатиот банкар на светот. Пет децении подоцна, таа и нејзините деца се чувари богатството на Сафра градено повеќе од 180 години од три генерации на четири континенти.
Откако Кинезите и Самсунг почнаа да се расфрлаат со камери од 100 мегапиксели, какви не екрани, процесори и мемории, Епл одлучи дека главна продажна предност на Ајфонот што ќе ја оправда цената ќе биде заштита на приватноста на своите корисници, па и покрај целиот ризик влезе во отворена војна со Фејсбук. Сега Фејсбук се обидува со јаукање и апели да ги придобие назад корисниците кои радо би гледале како целата компанија гори во незапирлив пожар.
Доколку новоизбраниот претседател на САД инсистира да го задржи сегашниот телефон, тоа ќе биде сериозен ризик за безбедноста на земјата, порачуваат експерти. А и општото правило вели дека на будала не му треба паметен телефон.
Во 2001 Стив Балмер го опиша Линукс како "рак кој се закачува на сè, од интелектуална сопственост, што ќе допре". Минатата недела Микрософт објави дека се приклучува кон Линукс фондацијата како платински член.
Да, се откажа затоа што смартфонот експлодираше и правеше пожари, ама проблемот е што ни Самсунг уште не знаат (или не кажуваат) зошто се случува ова бидејќи се покажа дека не е до батеријата.
Дизајнерскиот спор меѓу Епл и Самсунг околу изгледот на нивните смартфони го врати Врховниот суд 120 години назад во историјата, кога решаваше за случен случај: дали една лажичка е иста со друга лажичка.
Во ера на глобален развој, комуникацијата е повеќе од неопходна. Интернетот и мобилниот телефон станаа нужни алатки во секојдневието. Но, можете ли да замислите како ќе Ви помине еден ден без мобилен телефон и без интернет? Дали тоа е возможно и колку ќе Ве чини?
Тоа што Тим Кук постојано ги отфрла процените за цената на материјалите, не значи дека ќе се престане со постојани проценки за тоа колку чини да произведеш Ајфон. Па, според истите кредибилни извори, производството на седмицата чини 225 долари.
Концептот на чекање пред продавници со часови, денови, недели го имаше и на лансирањето на Виндоус 95, и на првите генерации од Плејстејшн, а и на отварањето на Мекдоналдс низ Источна Европа. Меѓутоа Епл е тој што од премиерата на Ајфон во 2007, успеа ваквиот тип на лудило да го претвори во годишен настан. На разочарување на Епл последниве години, целата оваа драма почна да спласнува.
Дојде времето од годината кога цените се спуштаат, што е, сликовито кажано, вистински празник за сите „шопингхоличари". Токму затоа Скопје сити мол традиционално им овозможува на своите потрошувачи групен ноќен шопинг со попусти и подароци, кои го прават ова место најголем агрегат на среќни и насмеани лица.
Оваа недела (05.06.2016), во Скопскиот градски парк на Школка, се одржаа првите Алпски игри 2016 во организација на Алпско млеко Македонија. Настанот беше конципиран како голема забава достапна за сите возрасти и покрај тоа штo игрите беа наменети за деца од 4 - 12 годишна возраст.
Користењето емотикони, за кои со симпатии пишувавме претходно (види овде), требаше да нè спаси од вербалните недоразбирања и двосмислености. Тоа требаше да биде јазик кој ги надминува културните разлики и овозможува универзална разбирачка. Ама...
Во 50-те се основа сметководствената фирма Артур Андерсен. Еден од поголемите проекти што ги добива е инсталирање на компјутер за Генерал Електрик кој ќе служи за автоматизирање на наплатата. Во 89-та, консултантскиот сектор се одделува како Андерсен Консалтинг. Денес се Аксентур, имаат над 370.000 вработени во над 55 држави и никој не може да им го фати крајот.
Македонски Телеком воведе нови Smart тарифни модели во постпејд кои нудат неограничени разговори и СМС пораки и супер брз мобилен интерент со 4G пристап.
Разговорот е со околу 60 тинејџери на возраст меѓу 13 и 19 години, темата претежно се однесува на нивните дигитални навики, поп култура и нешто политика. Вака стојат работите со нив околу 2016-та.