Голата цена на материјалите за седмица од 32 гигабајти е 219,80 долари, ако на ова се додадат трошоците за "основно производство", вкупниот трошок расте на 224,80 долари. Оваа сума е 36,89 долари повисока отколку цената за производство на минатогодишниот Ајфон 6 плус.
Ваквиот раст на цената на производството е идентичен со растот на цените што истите овие "проценители" го забележаа и кај телефоните на Самсунг.
Поделено по компоненти поскапувањето најмногу се должи на одлуката на Епл да ја дуплираат НАНД флеш меморијата на 32, 128 и 256 гигабајти. Па заедно со 2 гигабајти СДРАМ на Самсунг, новиот НАНД чип од 32 гигабајти се проценува дека чини 16,40 долари.
Воведувањето на новата црна боја временски го продолжува процесот на производство и со тоа го ја зголемува и неговата цена.
И понатаму најскап дел е екранот на Ајфонот, кој сега чини 43 долари, додека чипот на Интел е 33,90 долари. А10 чипот чини 26,90 долари, модулите за камерите, задна 12 мегапиксели и предна 7 мегапиксели, заедно чинат 19,90 долари. За алуминиумската кутија на телефонот Епл плаќа 18,20 долари.
Заедно со сето ова треба предвид да се земе и минатогодишната изјава на Тим Кук, дека никогаш до сега не видел проценка на цената на деловите и трошоците на производство "која е и приближно точна."