Алпски игри

Оваа недела (05.06.2016), во Скопскиот градски парк на Школка, се одржаа првите Алпски игри 2016 во организација на Алпско млеко Македонија. Настанот беше конципиран како голема забава достапна за сите возрасти и покрај тоа штo игрите беа наменети за деца од 4 - 12 годишна возраст.

Најмалите посетители можеа да уживаат и да се забавуваат во креативното катче на Алпско млеко каде имаа можност да цртаат, бојат и прават фигури од пластелин. Идејата на настанот беше да ги запознаеме дечињата со игрите кои ја зголемуваа и оддржуваа социјалната култура на претходните генерации, како и да се натпреваруваат во 4-те игри кои беа поставени за овогодинешниот настан. Секој учесник во игрите имаше можност да освои една од наградите кои ги подготви Алпско млеко, вклучувајќи мали пакетчиња со изненадувања, пакет Алпско млеко Мултивитамин, како и главната награда – Самсунг Галакси Таблет. Останатите посетители се разладуваа и уживаа во вкусот на дел од производите на Алпско млеко, како Алпско млеко 3,5%, Чоколадно Алпско млеко и Домашен јогурт. Забавата ја заокружи настапот на Даниел Кајмакоски кој се погрижи со неколку негови хитови да го украси крајот на Алпските игри за оваа година.

(комерцијална објава)

7 јуни 2016 - 12:51