Малиот Андреј Михно е 5-одделенец од Санкт Петербург. Решил да прати писмо до клубот Зенит во кое пишал дека сака да го запознае Бразилецот Халк. По две недели, додека му беше досадно на час, на врата се појави најдобриот фудбалер на екипата.
Во пресрет на пријателската Италија - Англија утре вечер во Торино, англиските медиуми со носталгија се навраќаат на времето кога фудбалерите од Апенините играа голема улога во развојот на англискиот фудбал.
Со многу отсутни првотимци поради обврски со репрезентациите, шпанскиот тренер во првиот тим го пресели младиот Тони Трогранчиќ кој го воодушевил Гвардиола. Реал го има Одегард, но и Баварците сега може да се пофалат со новиот вундеркинд.
Белгискиот репрезентативец и фудбалер на Наполи, Дрис Мертенс на интернет видел фотографија од едно африканско училиште, на која едно од децата го носи неговиот дрес со број 14. Играчот од средниот ред сега сака да го запознае малиот.
Жозе Марио Мурињо, синот на Специјалниот вербално ги нападна навивачите на Челси и изјави дека никогаш не видел полоша публика. Синот на Џорџ Бест го посрамоти татко му во книгата, а ништо подобар не е ниту синот на Брендон Роџерс.
По неколку сезони на позајмица, Кејн конечно ја потврди својата класа во елитното друштво. Со 24 голови, младинскиот репрезентативец на Англија е најдобриот стрелец на Тотенхем и вистинско откритие во Премиер лигата.
22 годишниот Иско беше прогласен за играч на мечот минатиот викенд против Елче, а пофални зборови за играта доби и од Икер Касиљас. Шпанскиот весник АС објави видеo каде фудбалерот на Реал Мадрид својот талент го покажува на 10 години. До сега во кариерата нема загубено меч кога ќе постигне гол.
Сите 16 клубови пред осмина-финалето пратија до УЕФА нови листи на регистрирани фудбалери, а тоа ќе им овозможи на јануарските засилувања да ја осетат магијата на најелитниот клупски фудбал.
Фудбалерот на Манчестер Сити го прославува секој гол со кренати раце кон небото, во чест на неговата мајка која почина пред некоја година од рак. Некогашниот англиски репрезентативец вчера по дуелот со Стоук направи гест, со кој “ја купи“ целата англиска јавност.
Откако Реал Мадрид во јануари го купи вундеркиндот Мартин Одегард, се потсетивме на неколку фудбалери кои тешко се носеа со товарот „новиот Пеле" или „новиот Роналдо". Немаа среќа или немаа сила да го издржат притисокот?
Многу пензионирани НБА играчи, по кошарката се фатија за голф и тенис. Кога легендарниот шести играч на Чикаго Булс се повлече, до ден денес не игра ништо друго освен голф, спорт во кој стана државен шампион на Хрватска.
На високите Анди во Чиле, планинарска експедиција пронајде остатоци од авионот кој се сруши пред 54 години и во кој загинаа 24 патници. Меѓу нив има осум фудбалери на тимот Грин Крос (Зелен крст) од чилеанската прва лига.
Во јануари 2005. година, Интер го пазареше најдобриот бразилски голман кој претходната година ја освои Копа Америка со Бразил и веднаш го позајми во Киево поради големиот број на странци. На Бентегоди беше четврт голман.
Норвешкиот вундеркинд и официјално е нов играч на Реал Мадрид, клуб кој во него гледа нов миленик и нов Кристијано Роналдо. Тренер ќе му биде Зинедин Зидан, а во Реал ќе се вработи и татко му.
Малиот коефициент во кладилница за победа на Роналдо, се покажа дека на апсолутниот фаворит нема да му избега одбраната на „Златната топка“. Најголема поддршка доби од Европа и Африка.