Либералите на денешнината често забораваат дека и пред нив некој се залагал за истите ставови - антирасизам, родова еднаквост, сексуални слободи - но во време кога тоа било многу потешко. Меѓу нив една група американски антрополози ја воспоставиле основата на тоа како и денес се гледа на човечките сличности и разлики.
„Голем залак касни, тежок збор не кажи“, гласи народната мудрост. Отприлика истата која ја пренесува и оваа книга, прогласувајќи ги зборовите истовремено и за корисни алатки, но и за убиствени оружја.
Тешко е да се замисли како му било на Аристотел во негово време, кога не бил „древен“. Бил интердисциплинарен пред воопшто да постојат различни дисциплини, пишувајќи за филозофија, политика, психологија, етика, музикологија. Но како што се обидува да покаже Едит Хол, тој денес би можел да биде и „лајф-стајл коуч“, не за древни, туку за многу актуелни проблеми.
Шекспир починал кога Милтон имал 8 години. Славниот автор на „Загубениот рај“ (на македонски препеан од Драги Михајловски) се смета за книжевен наследник на бардот. Но сега има и доказ за нивната духовна поврзаност.
Тешко е да се замисли време кога ликот и делото на Ајнштајн не биле познати. Но да не се појавел еден астроном кој ги промовирал неговите теории, тој можеби ќе останел само фуснота.
Во терористичкиот напад на две џамии во Крајстчрч, Нов Зеланд od 15.3 беа убиени најмалку 49 луѓе, а 20 беа ранети. Убиецот, кој е уапсен, претходно напишал анти-имигрантски манифест, во кој, меѓу другото, цитира една славна песна.
Книгата се појави во книжарниците во петок 4-ти јануари, а денес, 5-ти, таа е веќе на првите места на топ листите. Во Франција е издигната на ниво на национален настан.
Во културолошка смисла Ленон е фигура со колосално симболично значење - никој подобро не ја отсликува нарцисоидноста на модерна Британија. Оттаму, иронично е што токму овој човек ја има напишано „Замисли", песна со наводно визионерски идеи за подобар свет, вели нова книга на еден британски историчар.
Текст кој не е лесно ни да се чита, ни да се преведува со замаглени очи. Истите оние со кои ги гледаме фотографиите поврзани со него, на тој начин учествувајќи во реалноста на една детска смрт, неподнослива за секој кој има душа.
„Експериментот" со ТЕМ-от воведен во Волос, за кој прв пат слушнавме во 2010, сè уште трае. Интелектуална инспирација на неговите креатори се Аристофан и Џон Ленон. Дали ваквата економија е сепак ограничена на микро-заедници и само на краток рок?
Несоница, хроничен стрес, осаменост во хотелски соби - ова се само дел од психолошките опасности со кои се соочуваат истите оние музичари за кои додека ги гледаме на сцена мислиме дека сè им е потаман.
На 61 година во авионска несреќа почина Џејмс Хорнер, еден од елитните холивудски композитори. Работел и по 16 часа дневно, а во една година знаел да направи музика и за повеќе од десет филмови. И сите тие не би биле она што се без неговите композиции.
Албумот на Идоли беше објавен 1982 и до денес остана еден од антологиските кога се зборува за музиката на бившите југословенски простори. Со него се поврзани најмалку двајца писатели, едниот поочигледен, другиот малку затскриен. Андрија Шкаре на сајтот Букса зборува за Влада, „Русија" и книжевната петокрака на нејзиното чело.
Еден научно-фантастичен роман од најпопуларниот кинески автор од овој жанр е преведен на англиски. Тоа е можност да се проценат културолошките разлики во пишувањето СФ, кои можат да доведат и до такви живописни приказни во кои сиромашен кинески селанец талка низ вселената рака под рака со Стивен Хокинг.
Текст на Светлана Слапшак, авторка на над 40 книги чии сфери на истражување се антропологијата, лингвистиката и феминизмот, во кој таа се сеќава на нејзиното „читање" на Ѕвездените патеки во времето на Југославија, и начинот на кој тоа еволуирало како што се развивала и приказната на нејзината некогашна татковина. Сето тоа со очигледни симпатии упатени кон човекот со зашилени уши.
Пред неколку дена во местото Проложац, во Имотска краина, за време на карневалската прослава којашто традиционално завршува со палење кукла која асоцира на ретроградност и зло по заедницата, е „жртвуван" лик на - новинар и писател.
Има денови, а тоа се повеќето денови, кога цитатите од стереотипно депресивните филозофи делуваат баш онака на место. Уште поубедливи и поточни стануваат кога се илустрирани со слатки животни. Дури тогаш го заслужуваат името - мотивациски постери. Еве неколку од нив.