Легендарниот Бразилец кој по конституција и градба личеше на сè освен на врвен голгетер и неверојатен стрелец, беше најзаслужен што просечниот клуб Вердер од Бремен стана сензационален шампион на Германија а тој прв стрелец во Бундеслига.
Колумбискиот голман важеше за еден од поексцентричните фудбалери какви што фудбалот ретко видел. Тој често излегуваше далеку од својот гол, дриблаше, започнуваше напади, ризикуваше, шутираше слободни удари. Автор е на култниот удар скорпион против Англија на „Вембли“.
За новата светска шампионка на 100 метри, Шакари Ричардсон се крие приказна составена од напуштања, обиди за самоубиство, кавги, долги нокти, срушени рекорди, малку радост и ракувања.
Голем инцидент се случи на 15. алпска етапа на Тур де Франс. Главен кривец е неодговорна бараба која сакала да се слика со велосипедистите и да земе некој сувенир од нив среде трка, на 50-от километар од патеката. Прв настрадал Американецот Сек Кус после што следувала ланчана реакција и лом.
Некои тренери забрануваат секс пред натпревар, некои забрануваат алкохол, Паоло ди Канио забрани лед во Кока Кола и кечап и мајонез, а тренерот на англискиот третолигаш Лејтон Ориент на своите фудбалери им забрани да играат ФИФА 14.
"Scarface", "Franck N Stein", "Ferraribery" или човекот познат по името Билал Јусуф Мохамед откако стана муслиман, ги победи Лионел Меси и Кристијанот Роналдо при изборот за најдобар фудбалер во Европа.
Сиромаштијата во афричките земји не познава граници, а од неа страдаат и фудбалерките кои земаат по 150 евра месечно, немаат основни услови за живот, играат со празен стомак, а од нив се очекува да имаат врвни резултати.
Никако да слушнеме исповед на некој наш поранешен спортист за некои недозволени активности кои ги правел во текот на кариерата. Овој фудбалер од Уругвај кој настапувал во Јувентус нема проблем со тоа и доста искрено во детали ги раскажува пикантериите.
Фудбалерот на Лече, Осман Драме кој во јануарскиот преоден рок го засили италијанскиот третолигаш, изгледа дека за рекордно време ќе се збогува со колегите, затоа што направи глупост што не му успеала ниту на Балотели.
По логиката дека со поголеми плати луѓето не би прифаќале мито, ФИФА треба да смисли сличен начин како да ги спречи појавите како последниот случај кога биле откриени тројца судии кои за да наместат натпревар биле поткупени со секс.
Хомофобија, пороци и обложување. Ова се главните теми во книгата со наслов „Јас сум таен фудбалер",во која се раскажани животите на фудбалерите кои ги водат, кога не се наоѓаат на терените. За сега не се знае името на фудбалерот, но познато е дека настапувал за Англиската репрезентација.
За сексуалните активности на фудбалерите на Нигерија кои ги добија како ветување од Здружението на проститутки немаме информации, но денеска се огласи претседателот Гудлак Џонатан кој одлучи да ги награди со земјиште.