Францускиот фудбалер кој има само 20 години заминал со велосипед да ја посети зоната во градот каде што стојат проститутките, но во моментот немал пари и за секс услуги на една од продавачките на љубов и го понудил ајфонот.
Откако завршил со чинот, Осман си го земал назад ајфонот, но и ја украл и чантата на проститутката, и почнал да бега. На помош истрчал трансексуалец кој се обидел да го спречи, но младиот фудбалер го соборил на земја и избегал од местото.
Откако случајот го пријавиле во полиција, за настанот биле известени и челниците на третолигашот Лече кои најавија дека веднаш ќе му го раскинат договорот и ќе бараат парична казна поради нарушување на угледот на клубот.
Ова не е прв испад на фудбалерот на Лече. Додека тимот бил сместен во карантин, тој позајмил пари од еден од колегите, го напуштил хотелот и си заминал на вечера.