„Сантијаго Бернабеу“ ретко кога бил сведок на големи сензации како синоќа, на 28 септември 2021-ва година. Во Лига на шампиони Реал изгуби од анонимен клуб со играчи од Узбекистан, Луксембург, Мали...
Фудбалерите на Ајакс бележат перфектен старт по првите две кола во ЛШ. Петарда во Лисабон против Спортинг, па триумф над Бешикташ за прво место во групата Ц. На Интер му се компликува патот до нокаут фазата, бидејќи по поразот на домашен терен од Реал, одигра само 0:0 на гости во Украина.
Македонскиот репрезентативец Бобан Николов влезе од клупата во 85’ минута и беше дел од историскиот триумф во Лига на шампиони за клубот кој постои во многу необични околности. Сопственикот газдува буквално со сè таму.
Добра група, по свој терк добија црвено-црните кои ги избегнаа гигантите ПСЖ, Веспрем и Барселона но ќе играат против шампионите на Данска, Норвешка, Унгарија, Хрватска.
Македонската фудбалска репрезентација доживеа пораз во првото коло од групната фаза. Австрија - Македонија 3:1 (1:1). Капитенот Пандев стана втор највозрасен стрелец во историјата на европски првенства. Следен ривал Украина во четврток.
Со оглед на тоа што нашето домашно првенство е такво какво што е, добро е што имаме макар тројца претставници од Прва македонска лига. Сите други играат во странство.
Покрај радоста и гордоста што им ги приредија на цел народ, најдобрите македонски фудбалери би можеле и добро да заработат на Евро2020. Одредени се бонуси за добрите резултати во групата.
Очекувано или не, новиот дрес на Македонија во бордо боја ја разгневи јавноста до таа мера што се отвори петиција за враќање на довчерашните дресови кои му се мили и на капитенот Пандев и која веќе ја потпишале скоро 12.000 луѓе.
Со секогаш расположениот Рики може да зборувате со саати на различни теми и секогаш да ви биде сè поинтересно. Има животна приказна во него вредна документарец. Тргна од скопскиот асфалт и стигна до фантастични фудбалски висини. До момент Жозе Мурињо да му донесе поклон специјално за него.
Пред магичниот Килијан Мбапе, само двајца фудбалери во историјата успеале да постигнат дури три гола против Барса во Лига на шампиони. Интересно и двајцата стигнаа до тоа во 1997-ма.
Слично како во филмот „Сам дома", Манчестер Јунајтед си заминале од тренинг базата и тргнале на пат кон Украина без Дени Велбек, фудбалерот кој го постигна единствениот погодок на гостувањето кај Шахтар.
Европската куќа на фудбалот ги одреди двата града кои ќе ја имаат честа да бидат домаќини на двете финалиња од најквалитетните клупски европски натпреварувања за три години.
По првите 1:1 во Мадрид, најинтересната битка во осминафиналето од Лигата на шампионите ќе се решава на „Олд Трафорд". Во поповолна ситуација е Борусија Дортмунд по првите 2:2 во Украина против големото освежување оваа сезона, тимот на Шахтар.
Иако конечниот резултат на мега пресметката помеѓу Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед заврши 1:1, гигантите на европскиот фудбал ги оправдаа очекувањата. Вториот дуел во Украина исто така заврши без победник, а на крајот беше 2:2.