Лани ова време бевме во еден поинаков карантин, затоа што освен ракометното полуфинале на Вардар против Барселона во Келн, се играше и финалето на фудбалската ЛШ. Ден на кој Јирген Клоп ќе се навраќа до крајот на животот, затоа што конечно успеа.
Пред точно 12 месеци, на денешен ден Вардар направи сензација, откако на полувреме губеше со седум голови негатива, па во вториот дел се врати и оствари историски триумф против моќната Барселона во полуфинале на Лига на шампиони.
Откако Пари Сен Жермен израмни преку Даниел Нарсис во финалето на Лига на шампиони во 2017-та, на Вардар му останаа само седум секунди да проба да направи сензација.
Како предвесник за она што ќе се случува 15 години подоцна кога Вардар стана европски шампион, Кометал Ѓорче Петров на 19 мај 2002 година се качи на европскиот трон и го воодушеви цел континент.
Зборуваме за сезоната 1987/1988 од која пред неколку дена објавивте фотографија со тој страшен состав на Андон Дончевски, кој е можеби најјак во историјата на Вардар. Имаме две јаки видеа со историска содржина од Градски, како и два спектакуларни голови на Панчев и Пикси.
Малкумина го паметат натпреварот на македонската фудбалска репрезентација до 19 години против своите врсници од Шпанија кои неколку месеци подоцна се качија на кровот на Европа.
Во недостиг на ракомет и полни сали, ЕХФ скоцка една компилација од најсмешните моменти досега сезонава во Лига на шампиони. Место број 1 е комичниот гол кој го прими Калифа Гедбан, голманот на Вардар на мечот против Мешков Брест.
Ја имаме фотографијата на денот за која постарите го тврдат тоа од насловот. Ама и да не е така, ова е екипиште за почит и за сите времиња. Се работи за сезоната 1987/1988 или една година по шампионската титула на ФК Вардар во Југославија.
Работнички, Силекс, Слога, Шкендија солидно се држат едни од други, ама мерките и препораките за заштита и превенција од Ковид 19 најмногу ги почитуваат Вардарци. Оди доближи им се да те видам.
На сите им падна цената, што беше и за очекување, а најмногу на Барди. Членот на Леванте и македонската фудбалска репрезентација од 15, сега вреди 12 милиони евра.
Имало каков таков излез од овој спортски мрак кој како тргнале работиве ќе потрае уште два месеци. За тоа се погрижи Македонската радио телевизија. Имаме радости уште во првиот викенд во затка.
Не дека ова се решавачките моменти да се одлучи на трансферот, ама муабетов што му го прави негов сонародник кој веќе игра за Брест е малку како да ви кажеме. Дојди тука имаш познати марки, евтина роба, како и езеро со јахти каде можеш роба да ловиш.
Доста со жонглирање тоалетни, челинџи, седи си дома, остани си итн итн. Кога нема ништо за гледање, дајте да се потсетиме на нешто магично. 4 јуни 2019-та, во Скопје и никаде на друго.
Бугарија го просласи рекордни 7 пати за играч на годината, повеќе и од Христо Стоичков, Тотенхем го плати 16 милиони евра и го направи најскап бугарски фудбалер во историјата, за кој Манчестер потоа искешира дупло. Добро познат е и муабетот дека Вардар на 17 години го одбил со образложение дека не бил доволно талентиран.
Додека да пофатиме кој сè го стопира спортот во светот и кој се разболел, ни избега едно доста убаво и атрактивно парче видео кое вчера направи 7 години од своето постоење. За жал и тогаш стадионот како да бил под мерки поради вирус.
Навивачите на ПСЖ не можеа да влезат на стадион на мечот против Борусија Дортмунд поради мерките кои се донесоа пред натпреварот да нема гледачи со цел да се спречи ширење на вирусот. Ама затоа се накрцаа околу стадионот и непрестано пееа песни. Една беше и многу позната мелодија кај нас.
Ни стига порака во сандаче со опис: „ГФК Вардар Неготино - Големо Коњари. Ремек дело за првиот гол“. Се разбира мора тоа да се види и објави. Вакви видеа сакаме ние, автентични, од нашиот нисколигашки фудбал кој има луѓе што го негуваат со душа и Твитер.
Златната копачка за 1991-ва се изјасни на многу теми како Звезда, Вардар, балканска лига, потоа го искритикува Мрме, му даде совет на Јовиќ, а направи и една непотребна споредба со која го омаловажи спортот, кој испиша нова спортска историја во Македонија.
Ситуацијата е таква каква што е, европскиот првак мора да се задоволи со 6. место, последно од групата кое води во следната фаза. А таму најверојатно ги чека стар познаник.
На Градскиот стадион „Никола Мантов“ во Кочани ќе се одржи 14-то издание на меморијалниот турнир „Драганица Куп“ кој се организира во чест на Драган Михајлов. Годинава ќе играат млади категории, играчи до 16 години а поканети се скопските Вардар и Работнички како и струмичка Беласица. Покана не добила Саса од Македонска Каменица па се налутиле.
И покрај сите неволји со кои се соочува во последните неколку месеци, европскиот шампион Вардар покажа дека е над ситуацијата - вечерва во Скопје го згроми украинскиот шампион Мотор 38:28.
И покрај тоа што пред девет месеци имаше најави дека Вардар ќе добие финансиска помош од домашни компании и бизнисмени, сепак денешната прес конференција на која се појави капитенот делува многу загрижувачка за македонскиот спортски бренд.