Херој е и упорен е. Зошто?
Финале во ЛШ 2013-та: Пораз.
Финале во Куп на Германија 2014: Пораз.
Финале во Куп на Германија 2015: Пораз.
Финале во Лига Куп 2016: Пораз.
Финале во Лига Европа 2016: Пораз.
Финале во ЛШ 2018: Пораз.
Малерозната серија на Клоп траеше дури на шест финалиња по ред, а тој беше очаен и убеден во следнава теза:
„Можеби сум им симпатичен на сите затоа што не можам никако да победам“.
Но на крај, на 1 јуни 2019-та проклетството заврши, откако неговиот Ливерпул го совлада Тотенхем со 2:0 и го подигна пехарот во Мадрид.
Така симпатичниот лузер конечно стигна до голем триумф, кој им го вети на навивачите.
Голем е не само затоа што доста умешно го сплоти тимот и извади максимум од секој играч, туку и затоа што беше способен како млад тренер, клуб како Мајнц да го однесе во прва лига.
Човек како него не може никогаш да стане антипатичен, а страста која ја покажува за фудбал и харизмата која ја носи со себе му се посебна одлика.
Ова е негов ден, на јунаците на Ливерпул и нивните навивачи.
— Alexis Flores (@11Alexisflores) June 1, 2020
#OnThisDay in 2️⃣0️⃣1️⃣9️⃣
— Liverpool FC (at 🏠) (@LFC) June 1, 2020
🏆🏆🏆 SIX TIMES 🏆🏆🏆 pic.twitter.com/3n76ZWaiJc