Одиме прво со покусото на кое ќе видите како двете големи југословенски ѕвезди ги кинеа мрежите во тоа време.
Црвена Звезда допатува на Градски во полуфиналето на Купот одигран на 13 април 1988-ма. Градски крца до даска и ужива во волеј бомбите на Дарко Панчев и Драган Стојковиќ Пикси.
Кој од кој поубав за конечен резултат 1:1.
Второто видео е од истата сезона, ама од првенствен меч одигран на 25 ноември 87-ма. Но овој пат Вардар доминира и слави 1:0 со голот на Чедомир Јаневски од пенал, а гол за 2:0 постигна и Панчев, но му го поништија поради наводно играње со рака.
Кобра не сакаше да ја прифати таа судиска одлука и жестоко протестираше, па ситуацијата мораше да ја расчистува Дончо.
Комити со свирежи ги пречекаа гостите поради тоа што претходно барале да го одложат одов натпревар поради труење на неколку играчи, за што добиле дозвола од Фудбалскиот сојуз на Југославија.
Пеналот за Вардар на 1:35, поништениот гол на Кобра на 8:00 и пазете го мангупскиот слободен удар на Цапар на 5:00. Какви времиња.