Неговата игра не можеше да се опише со зборови, неговиот стил беше неповторлив а „Златната топка“ освоена во 2004-та стана признание за неговата уникатност.
Украинските власти, заради големиот број сообраќајки, спроведуваат кампања, „Преземи контрола“. Главни авторитетни ликови во неа се - старите украински писатели.
Стрелецот на вториот гол за Хрватска, стоперот Вида и членот на стручниот штаб Огњен Вукојевиќ синоќа снимиле видео во кое ја величаат Украина што Русите го сфатиле како провокација. Двајцата долго време играа за Динамо Киев, едниот седум години, другиот пет па затоа ваков излив на емоции за Украинците кои во квалификациите за Светско испаднаа токму од Хрватска.
Народниот пратеник од партијата БПП (Блок Петро Порошенко) и претседател на фудбалскиот сојуз на Украина, Андреј Павелко се најде во центарот на скандал откако ѝ дал на ќеркичката да игра со пехарот од ЛШ.
Срамниот обид за поголема заработка на дел од скопските сместувачки капацитети пред мечот од Супер Купот меѓу Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид е „мала маца“ во споредба со она што деновиве се случува во Киев.
Украина ја прекина истрагата околу Пол Манафорт, еден од главните осомничени од Роберт Мулер за руското мешање во американските избори, откако претходно администрацијата на Трамп одлучи на земјата да и продаде оружје за нејзиниот конфликт со Русија.
"Историскиот договор со Русија ни помогна да ја спасиме економијата од банкрот кој ни се закануваше доколку потпишеме со ЕУ," изјави Микола Азаров. Другата украинска страна тврди дека е ова крај на независноста на државата.
Илјадници граѓани и се спротиставија на одлуката на украинскиот претседател да ги прекине преговорите со ЕУ и да започне со засилување на економските односи со Русија. На протестите имаше неколку стотици илјади граѓани.
Сред судирите за време на протестите во Украина, демонстрантите решија да јуришаат на полициските барикади со булдожери. Полицијата одлучи да не отстапува ниту чекор.
Французите ноќеска имаа две причини за славје. Нивните фудбалери се квалификуваа на Светското првенство, а по тој повод Марк Дорсел ги почасти со гратис порно.
Исто како и минатиот пат кога со голот на Анри против Ирска постигнат со рака Франција се пласираше на Светско првенство и овој пат тие ја елиминираа Украина со судиска помош.
Познати се сите патници за Бразил од Европа. По фантастичен натпревар во Шведска, Роналдо го победи Ибрахимовиќ со 2:3 и ја однесе Португалија на Светското првенство каде ќе играт уште и Хрватска, Франција и Грција.
Кристијано Роналдо ја доби првата битка со Златан Ибрахимовиќ, Исланд и со играч помалку издржа против Хрватска, Франција по гостувањето кај Украина има негатива од два гола, а Грција ја победи Романија со 3:1 на првите бараж натпревари за пласман на Светското првенство во Бразил.
Следниот предизвик за типување се бараж натпреварите за Светското првенство наредната година за кое осум селекции ќе се борат за четирите слободни места. Не берете гајле и ако не ви тргнало најдобро на Типстер. Отсега ќе можете и да заработувате кредити.
На денешното извлекување во Цирих беа оредени двојките за бараж натпреварите за пласман на Светското првенство во Бразил. Најинтересни ќе бидат дуелите Португалија-Шведска и Украина-Франција.
Додека ние бираме поудобни фотелји и штедиме за поголеми телевизори на кои ги гледаме сите поголеми фудбалски натпреварувања, некои репрезентации веќе си ги заверија визите, а нивните навивачи штедат за авионски билет за Бразил.
Прво учество за селекцијата на Босна и Херцеговина на Светските првенства која со гостинскиот триумф над Литванија од 1:0 го слави најголемиот спортски успех. Билет за СП во Бразил со директен пласман обезбедија и Русија, Шпанија и Англија.
Додека македонската фудбалска репрезентација вечерва во Јагодина против Србија размислува како да го избегне дното од А групата, останатите европски селекции се борат за уште четири места за директен пласман на Мундијалот и уште за осум преку баражот.
Зоран Стратев, В.Д. селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, го објави списокот на репрезентативци на кои ќе смета за квалификациските натпреавари со Велс и Србија.
Со вечерашните два четвртфинални дуели ќе ја добиеме и втората полуфинална двојка од каде ќе започне борбата за медали на Евробаскетот во Словенија. „Коцкестите“ се фаворити на дуелот против Украина, а поголема неизвесност се очекува на средбата Литванија-Италија.
Изгледа како сцена од Бонд, ама всушност е јавна вежбална во Киев која е отворена и бесплатна уште од времето на Советите пред 40 години и која функционира до ден денес.
Европското кошаркарско првенство за жени кое пред два дена започна во Франција веднаш ни донесе клипче за објавување. Украинската кошаркарка Алешкина сосема случајно стрелаше во погрешен кош.
Како и пред секои квалификации и пред почетокот на овој циклус Англичаните тврдеа дека е дојдено нивното време и ќе атакуваат на златото на Светското првенство во Бразил, но не само што можат да останат без пласман, туку и ќе загубат огромна сума на пари.