
Во баражот учествуваа осум второпласирани репрезентации од квалификациските групи и беа поделени на носители (Португалија, Грција, Хрватска и Украина) и неносители (Франција, Шведска, Романија и Исланд) според пласманот на ФИФА ранг листата.
Бараж за Светско првенство 2014:
Португалија - Шведска
Украина - Франција
Грција - Романија
Исланд - Хрватска
Првите натпревари ќе се одиграат на 15 ноември, а реваншите се закажани за 19 ноември. Извлекувањето на групите за Светското првенство ќе се одржи на 6 декември.