Исланд – Хрватска 20:00
Островската земја која веќе е изненадување што се наоѓа во оваа фаза брка сензација и историски пласман на едно светско првенство. За Исланѓаните прочитавте интересни приказни за нивниот аматерски состав кој на времето ја победил Германија, па се до нивниот сегашен голман кој работи како режисер. Хрватите се фаворити на овој натпревар, а пласманот во Бразил ќе го бркаат со новиот селектор Нико Ковач.
Грција – Романија 20:45
Романците се гладни за пласман на најголемото континентално натпреварување на кое последен пат беа учесници во Франција 1998 предводени од легендарниот Хаџи. Но пред себе ќе ја имаат Грција која е благ фаворит на овој меч и која со еднаков број на бодови во групната фаза заедно со БиХ, остана на втората позиција.
Украина – Франција 20:45
Селекцијата на Франција не смее да си дозволи таков луксуз и да не се пласира на Мундијалот во Бразил, особено ако се знае како минаа на минатото Светско во Јужна Африка со само еден освоен бод, елиминација во првата фаза и кавги помеѓу селекторот и играчите. Рибери, Бензема, Насри и другарите предводени од селекторот Дидие Дешамп се апсолутни фаворити на овој дуел.
Португалија – Шведска 20:45
Уште кога беше извлечена ждрепката за бараж натпреварите сите пишуваа за средбата помеѓу Кристијано Роналдо и Златан Ибрахимовиќ, едни од најславните фудбалери на планетата кои заедно заработуваат околу 30 милиони евра годишно. Но една ѕвезда од овие две селекции на крајот ќе мора да си замине со спуштена глава, а Португалците се фаворити на овој дуел.