Македонскиот Пирло за првиот дел од сезоната 2015/2016 го имаме во топ 5 фантастични варијанти. Без разлика што нашите играчи кога се местат да шутираат гледаат во багреми и згради, дечкиве на листава се цареви од прв до последен. И третолигашот Брегалница Голак се најде во друштво на Вардар и Шкендија.
И покрај неуспехот во 2. коло каде испадна од АПОЕЛ, македонскиот шампион ќе инкасира 550.000 евра колку што дава УЕФА за оваа рунда квалификации за Лига на шампиони.
Тренерот на Вардар темпераментно одговараше на новинарските прашања по мечот со АПОЕЛ и изјави дека се брани и еден Јувентус, а не само актуелниот македонски шампион.
Вардарци вечерва имаа ветер од над 20.000 гледачи, одлична поддршка и позитивен резултат од првиот меч, но не успеаа да го минат кипарскиот АПОЕЛ кој со 1-1 оди на данскиот Митјиланд.
Гостите од Кипар влегоа во судир со редарите и полицијата откако на околу половина час пред почетокот на мечот извадија грчко и српско знаме. Туркањата почнаа откако службите за безбедност одлучија да им ги одземат.
Фудбалерот на АПОЕЛ, Томас де Винсенти на својот Инстаграм објави фотографија со натпис дека тимот пристигнал во Македонија, што предизвика (не)очекувана реакција кај навивачите на кипарскиот клуб.
На 23 февруари годинава на мечот Наполи - Сасуоло, Давиде Маса одбележа јубилеј од 50 натпревари како главен арбитар во Серија А, а од минатата година суди и во групната фаза од Лигата на шампионите.
Македонскиот првак успеа да извади позитивен резултат во второто квалификациско коло за Лигата на шампионите откако одигра 0:0 против Апоел на гости. Најзаслужен што имаме активен резултат на реваншот е Томе Пачовски.
Во обид да стигне до третото квалификациско коло, Вардар ќе мора да го помине најтрофејниот кипарски клуб кој пред четири години стигна дури до четвртфиналето од Лигата на шампионите.
Според сите анализи, но и според кладилниците, екипата на Вардар е најголем фаворит за одбрана на титулата во 22. сезона од Првата лига на Македонија во која пола лига ќе се бори за опстанок.
Италијанската Серија А и англиската Премиер лига се најстари лиги според просечната возраст на фудбалерите со по околу 27 години. Македонската прва лига е малку над просекот со возраст од 25,2 години.
Фудбалерите на Вардар ја одбранија титулата во македонското првенство. Со петардара во мрежата на директниот конкурент Хоризонт Турново, најтрофејниот фудбалски клуб ја освои 7-та титула во 21-то издание на македонската Прва лига.
Модниот дизајнер од Гана кој беше најавен како екстра засилување за македонскиот фудбалски шампион, Осеи Кофи си замина од ФК Вардар, а луѓето од нашиот најтрофеен клуб сакаат што е можно побргу да го заборават и избришат неговото име.
Македонското фудбалско првенство отсекогаш било попатна станица за третолигашки странци, но последните неколку трансфери се „дно дна". Дали нашите тренери се премногу наивни или менаџерите кои носат фудбалери многу добро лажат.