Вардар тргна во одбрана на титулата

Според сите анализи, но и според кладилниците, екипата на Вардар е најголем фаворит за одбрана на титулата во 22. сезона од Првата лига на Македонија во која пола лига ќе се бори за опстанок.

Со денешните натпревари од првото коло започнува новата сезона на најелитното (ако може воопшто и така да се нарече) македонско фудбалско клупско натпреварување.

Минатогодишниот шампион, екипата на Вардар веќе трна со трофеј од Суперкупот, па во претстојната сезона нивен предизвик освен освојувањето на третата шампионска титула, ќе биде и освојување на тројната круна.

Според моменталниот состав ФК Вардар е најголем фаворит за одбрана на титулата, а тоа го потврдуваат и кладилниците. Коефициентот за титулата на Вардар во bwin изнесува 1,5.

Сметките на Вардар за освојување на осмата титула можат да им ги замрсат Металург, Работнички и Хоризонт Турново.

Интересна ќе биде битката за опстанок. Следната сезона Првата лига ќе брои 10 клубови, односно дури 4 екипи директно ќе испаднат, па пола лига ќе се бори за опстанок.

4 август 2013 - 11:48