Иако фудбалерите на Апоел со оглед на искуството и редовното учество на европските натпреварувања ја имаа фаворитската улога на овој дуел, тие не успеаа да го совладаат расположениот македонски репрезентативец на голот на Вардар.
Со оглед на тоа што и двете екипи се во фаза за подготовка за новата сезона и се уште ја темпираат формата и физичката подготовка, во Никозија немаше атрактивен и убав фудбал за око.
Домаќините ја контролираа играта и го имаат поседот на топката, но не делуваа многу моќни на теренот. Најсериозните шанси за гол ги пропуштија во последните мигови од првиот дел кога Пачовски за две минути спаси две чисти 100% шанси откако опасно биеше напаѓачот Луис Леал.
Гостите доминираа и во вториот дел, а поради интервенцијата на Пачовски ја пропуштија и третата најзрела шанса на мечот. Сергеј Андреев го освежи нападот со Ацо Стојков, но тоа не промени ништо на теренот.
Вардарци повеќе се бранеа и немаа иницијатива. Упатија само еден шут во рамките на голот, а првиот корнер го изведоа дури во 80 минута.
Реваншот во Скопје се игра на 21 јули во 19 часот.