Или во Данска или на Гибралтар. Тоа е исходот од денешната ждрепка за Вардар во Нион, доколку Црвено-црните го минат кипарскиот шампион. Фудбалерите на Вардар во Никозија извлекоа позитивен резултат, така што на Филип Втори Арената би можеле да се изборат за пласман во следното коло.
Вардар утрово дозна дека нема да налета на некој од фаворитите како Селтик, Салцбург или Базел, по што пладневната ждрепка на Скопјани им го донесе данскиот претставник, тим кој секако е противник по мерка особено ако се погледнат останатите екипи.
Од останатите парови, хрватскиот Динамо Загреб на Аријан Адеми ако ја помине Фола Еш од Луксембург ќе оди на Молде. Во случај да ја минат Астана, Агим Ибраими и Марибор би играле против Хелсинки кој веќе има 3-1 против литванскиот Вентспилс.
Следна препрека на Мирко Ивановски и неговиот Видеотон би бил Бате Борисов, а Крсте Велковски ќе има речиси невозможна мисија да стигне до Базел, затоа што Сараево е пред испаѓање од Лех Познан по поразот во БиХ од 0-2.
ЛИГА НА ШАМПИОНИ – 3. КВАЛИФИКАЦИСКО КОЛО
Митјиланд (Дан)/ Линколн (Гиб) – АПОЕЛ (Кип)/ ВАРДАР (МАКЕДОНИЈА)
Динамо Загреб (Хрв)/ Фола Еш (Лукс) – Молде (Нор)/ Пјуник (Ерм)
Њу Сеинтс (Велс)/ Видеотон (Унг) – БАТЕ Борисов (Бел)/ Дундалк (Ирс)
Салцбург (Авс) – Малме (Шве)/ Жалгирис (Лит)
Сараево (БиХ)/ Лех (Пол) – Базел (Швц)
Лудогорец (Буг)/ Милсами (Мол) – Скендербег (Алб)/ Крусејдерс (С.Ирс)
Хелсинки (Фин)/ Вентспилс (Лет) – Марибор (Сло)/ Астана (Кзх)
Селтик (Шко)/ Стјернен (Исл) – Карабах (Азе)/ Рудар (Ц.Гора)
Стеауа (Ром)/ Тренчин (Свк) – Партизан (Срб)/ Дила Гори (Гру)