Ново МВП издание на Никола Јокиќ кој не застанува да импресионира. Со моќната партија против Феникс Санс го бележи третиот трипл дабл во само една недела и 83-ти во кариерата. Нагетски се први на Запад.
На почетокот на овој месец НБА ги испрати првите предупредувања до двајца симуланти, а вчера ја изрече и првата парична казна. Првиот кошаркар кој ќе плати казна за флопинг е Реџи Еванс.
Симуланти пазете се, НБА ве прати. Откако пред почетокот на сезоната го најавија новото правило, челниците на НБА лигата ги испратија и првите официјални предупредувања за симулантите.
Актуелниот шампион на НБА лигата имаше успешен старт на новата сезона. Мајами Хит во одбрана на титулата тргна со победа над Бостон Селтикс, ЛА Лејкерс беа поразени од Далас, а Кливленд славеше над Вашингтон.
Вечерва стартува 67-та сезона од најквалитетното светско кошаркарско натпреварување. Мајами Хит е најголем фаворит за одбрана на тронот во НБА лигата, а Лејкерс и Оклахома ќе се обидат да им го украдат шампионскиот трофеј.
Со цел подобро да го објасни новото правило за борба против симулантите, НБА објави видео со примери од натпревари и кои ќе се казнуваат, но и ситуации за кои играчите нема да бидат санкционирани.
Изминативе денови се крена многу прав околу одлуката на НБА лигата за казнувањето на кошаркарите за „флопинг" односно симулирање на фаул. А кога ќе се спомене поимот „флопинг", тоа веднаш асоцира на Владе Дивац - човекот кој го воведе симулирањето во НБА лигата.
Неверојатниот Леброн Џејмс со 45 поени го спаси Мајами на гостувањето кај Бостон и се избори за седми натпревар и тоа пред своите гледачи на кој ќе биде одлучен финалистот од Истокот.
Кошаркарите на Сан Антонио ја победија Оклахома во вториот натпревар од финалето на Западната конференција на НБА лигата и ја продолжија рекордната серијата од 20 победи.
Магазинот Sports Illustrated спроведе анкета помеѓу самите кошаркари за тоа кој е највалканиот играч во НБА лигата. Изненадувачки, на првото место не е Мета Ворлд Пис (Рон Артест).