Познато е дека славата на фудбалерите им доста голем бериќет во кревет, ама треба да си махер да фатиш некој кои ги тера тие ќејфои. Чипријан Марика е поранешен романски репрезентативец и играч на Шалке, Штутгарт и Хетафе кој отвори врата на погрешен човек.
Малку е познато дека Диего откако ја отслужил казната од 15 месеци зошто падна на тест за дрога, од Неапол одбива да оди во Реал или Марсеј и потпишува со Севиља.
Поемотивен немаше ниту пред, ниту после таа 2008-ма година бидејќи така наложија тешките околности во кои се најде. Му даде гол на Ливерпул во продолженија и го однесе својот Челси за прв пат во финале на ЛШ, а сето тоа се случи само неколку дена откако почина мајка му.
Трансферот на размазената ѕвезда од 222 милиони евра беше ван секој памет. Не знаеме дали и каква клаузула има во договор во однос на бројот на настапи, ама “операцијата Нејмар“ им излезе ултра скапа во однос на тоа колку го има на терен.
Сезоната 2019/2020 во францускиот фудбал е готова откако францускиот премиер Едуар Филип објави дека никакви спортски настани нема да се одржуваат до септември.
Кој е тој што има освоено Златна топка во 1995-та, две Скудета со Милан и е претседател на Либерија од 2018-та? Жорж Веа. Сме видете ние слаломи од по 20, 30, 50 метри, ама господине претседателе секоја чест за овие 100 метри со пречки.
После цели 32 сушни години, швајцарскиот клуб Јанг Бојс на 28 април 2018-та година ја освои титулата. Генерации и генерации навивачи чекале на овој сон. Дента на мечот против Луцерн (2:1) цел Берн бил обоен во жолто и црно, улиците биле исполнети со навивачи. Се прашуваме што ли ќе биде на Енфилд Роуд после 30 години чекање шампионски пехар?
Секоја сезона во последните пар кола пред крајот, се води жестока битка за еврокупови, за титула, за опстанок во лигата. Во цела таа хаотична трка некогаш не се бираат средства да се оствари целта. Ама некогаш се преминува границата, како пред 6 години во Памплона.
Во двомечот од полуфиналето на ЛШ во 2006/2007 меѓу Милан и Манчестер Јунајтед паднаа 8 гола. На „Олд Трафорд“ на првиот дуел на денешен ден пред 13 години, Англичаните славеа 3-2 со два гола на Руни и еден на Роналдо. Кака ги постигна двата за Милан од кои едниот се памти одлично и 13 години подоцна. На реваншот Бразилецот постигна уште еден гол во триумфот на Милан од 3-0.
Клупските медицински лица и вработените во компанијата која што направила IQ тестови за повеќе играчи на Челси биле зачудени од резултатите на Лампард кои ги има само 0,1% од населението.
Стратегот на Вест Хем не е како некои шупаци во Премиер лига кои одбиваат кратење и покрај тоа што имаат ненормална неделна плата и до 400.000 фунти. Мојс прифати 30% кратење на годишната плата од 2 милиони фунти, а во меѓувреме почна и да помага по луѓе.
Корења пуштија дома, особено нашиве кои играат во италијанско, па на Илија Несторовски му дојде идеја како да пополни време на интересен начин и за него и за навивачите. Вклучува играчи во живо на Инстаграм и им поставува интересни прашања.
Првата епизода од новата документарка на ЕСПН „Последниот танц“ за последната шампионска сезона на Чикаго Булс, одново ги врати муабетите за финансиската ситуација на Скоти Пипен.
Познати како хиперактивни, помалку позитивно блесави, голманите си бркаат работа во карантин и во изолација. Нив им е потешко зошто мора да најдат некои кои ќе им шутира, а да не се жените и децата. Пример за тоа е Чилеанецот Клаудио Браво.
Во овој продолжен карантински викенд, некој доста длабоко копал во архивите на нашиот ракомет или поточно во Лига на шампиони од 90-те. И во тие младалачки денови мрежите ги кинел безвременскиот Лазаров. Коментираат Златко Калински и Зоран Поповски.
Пред 6 години, на 17-ти април во големото финале на шпанскиот кралски Куп се сретнаа Барселона и Реал. Финалето се играше на преполна Местаља (52,953 гледачи), а Реал славеше 2-1.
Додека воглавно читавме за тоа како најбогатите клубови и фудбалери се справуваат со кризата предизвикана од Ковид-19 (нема фудбал, нема тв права, нема реклами, нема продадени влезници и дресови), стигна сторијата за еден играч од Њукасл.
Ова е сезоната за која им се плаче на навивачите на Арсенал. 2003/2004, шампиони, за последен пат и тоа без пораз. Бандата на Венгер ич да почнуваме да ја броиме. Тиери Анри стрелец број 1 во Премиер лига со 30 гола. Здиве против Лидс.
Најголемиот на сите времиња, на врвот на својата кариера остана без татко му Џејмс, кој брутално бил убиен од двајца 18-годишници додека спиел во кола на автопат. Мајкл по долга пауза се врати на паркетот и успеа да освои нова шампионска титула во чест на татко му.
Арат Хосеини има 7 години и доаѓа од Иран. Периодов е хит на социјалните мрежи каде има повеќе од 3 милиони следбеници. Не само што го бива за фудбал туку и е развиен ко Тарзан. Последната порака му беше до Лионел.
Со мала импровизација, можно е да се направат пристојни услови за тренинг за време на карантинот кој владее глобално. 20-годишната српска пливачка Ања Цревар се одржува во форма во импровизиран базен дома. Таа веќе обезбеди олимписка виза за Токио 2021.
Нема апарат кој може да го измери задоволството на неутралните гледачи кога играч под морање облекува ракавици зошто голман е повреден или исклучен, а екипата нема веќе право на измени.
Скоро и да нема фудбалска фотографија од Италија која е запаметена повеќе од оваа: сликната на 12 април 2005 година со двајца играчи на неа: Руи Коста и Марко Матераци кои гледаат во густиот дим од пиротехника на „Сан Сиро“.