Трансферот на Нејмар од Барселона во ПСЖ во 2017-та не излезе како што очекуваше францускиот клуб, а причините се едноставни.
Нејмар до сега изминативе три сезони одигра само 80 од вкупно 155 натпревари, а тоа е скоро половина или поточно 51% и 26 натпревари во просек по сезона.
Со оглед на тоа што го платија енормни 222 милиони, а го плаќаат по сезона 37 милиони евра, сметките на клубот не ја одразуваат доволно вредноста на инвестицијата.
Математиката излегува дека ПСЖ за секој настап на Нејмар му плаќа 1,4 милиони евра или вкупно 111 милиони евра за одиграните 80 натпревари.
Точно е дека на патот на Нејмар стоеа и неочекувани повреди кои долго го држеа надвор од терен, ама знаеше мангупот и да му ја кидне со авиончето за Бразил за да не пропушти некоја роденденска забава.
Пред СП 2018, Нејмар пропушти 100 дена во ПСЖ и во сезоната 2017/2018 одигра 30 од 50 средби.
Следната сезоната пропушти натпревар во Лига на шампиони против Манчестер Јунајтед, беше отсутен 88 дена и одигра на 28 од 55 средби.
Повредата на глуждот лани во јуни, не му дозволи да ја стартува сезоната 2019/2020. Потоа се врати, но во октомври се соочи со нова повреда и стигна до 22 настапи од 44.
222 милиони евра за еден фудбалер и плата од 37 милиони евра. Грдни пари. Грдни и нереални, а да не зборуваме кога се ролаше како гиро на последниот Мундијал, па цел свет му се смееше.