Алико Данготе, најбогатиот човек во Африка ја повтори желбата да купи акции во премиерлигашот од северен Лондон. Во Нигерија го критикуваат поради идејата да вложува надвор, а не дома.
Наспроти не баш малиот број македонски дејци кои своевремено запнаа да убедуваат дека референдум (во нашиот случај за името) е кукавичлук, криење зад народот и недостаток на лидерски капацитет, Грците референдумски се изјаснија за прашање кое го сметаат за важно со резултат кој изненади многумина.
Во Грција дојде нож до коска. Пред неколку дена грчката влада воведе контрола на капиталот за да го спречи колапсот на банките. Во постојан конфликт со своите европски надзорници, тие закажаа референдум за иднината на нивната политика: "Да" ќе значи штедење и останување во еврото; "Не" ќе значи банкрот и најверојатно напуштање на монетарната унија. Неодамна владата пропушти да му плати рата на ММФ, со што стана првата "развиена" нација која тоа го направила.
Најк летово почнува глобална кампања за истрчување на најбрзиот километар во твојот живот. И ти учествуваш во подготовките и тренинзите кои ќе траат од почетокот на јули (6-ти) до крајот на август. За тебе и за твојата брзина Најк одбра 6 мастер тренери, кои ти подготвија програма што треба да го извади најбрзото од тебе.
30-годишниот Горан Гогиќ, кој беше дел од шампионскиот тим на Црвена звезда пред две години, вчера колабирал на тренинг во кинескиот Џингдау, а лекарите подоцна констатирале смрт.
Дастин Браун направи земјторес во тенискиот свет, откако вчера со 3-1 во сетови го совлада Рафаел Надал и го елиминираше Шпанецот уште во второто коло на Вимблдон. Штедел пари да игра на помали турнири, а спиел во кампер што му го купиле родителите.
Одговорот "мое" е прилично точен но премногу аналоген. Што станува со вашето лице откако ќе биде препознаено со софтвер и спакувано во којзнае колку дата-бази на корпорации, влади и служби?
Иако во август ќе играат прелиминарно во плејофот на ЛШ, составот на Лацио статистички има недостиг од искуство за најбогатиот европски фудбалски турнир. Исто е и со тренерот Стефано Пиоли кој прв пат ќе се бори за ЛШ, но тука е маестро Миро Клосе.
Украина е билингвална земја а таква и ќе остане. Но, судирот со Русија очекувано ги хомогенизираше блоковите а јазикот е една од најмоќните алатки за унификација на нацијата.
„Толку ми се допадна кога игравме против Сплит што на полувремето отидов кај браќата Жужул да прашам колку треба за да го земам, но не сакаа да слушнат“, изјави Здравко Мамиќ лани за фудбалерот кој неколку години му беше опсесија и кој конечно го потпиша вчера.
Фудбалерот на Интер и швајцарски репрезентативец, Ѓердан Шаќири морал да даде објаснување за фотографијата на која се поздравува со уапсениот приштински Имам кој регрутирал терористи.
Напаѓачот на Чиле, Еду Варгас е најкорисниот фудбалер на досегашниот тек од Копа Америка по што пола Европа ѕвонела на телефоните во Наполи со цел да праша за цената на шпицот.
На еден месец од 33-от роденден, Перо Антиќ денес потпиша договор со Фенербахче. Трансферот предизвика големо внимание во кошаркарска Европа. Навивачите на турскиот клуб им посакуваат добредојде и на Антиќ и на Гркот Костас Слукас со кој Перо два пати ја освои Евролигата во Олимпијакос.
Откако медиумите објавија дека Перо Антиќ се враќа во Европа и потпишува за Фенербахче, веста на својот профил на Твитер ја потврди и неговиот менаџер.
Кај сè поголем број на деца се дијагностицира кратковидост. Во источна Азија бројките се над 90-95%. Најдена е корелација помеѓу појавата на миопија со времето поминато надвор, на отворено, без разлика на активноста. Една од хипотезите за причината е премалата изложеност на јака светлина. Им благодариме на родителите што нè пуштаа со саати да се шлаеме по маало.
Добро е што Фреди Меркјури навреме се упокои за да не слушне како Канје Вест ја пее Боемска рапсодија. Да беше поинаку, поинаку и ќе звучеа збoровите "Mama, just killed a man"
Базиран на сатиричен расказ на Едгар Алан По, филмов пука од потенцијал за истражување на тенката граница помеѓу она што е (наводно) нормално и она што е (исто така наводно) ненормално и лудо. И покрај блескавата актерска екипа, тој е сепак повеќе љубовно филмче отколку филозофски трактат или ироничен коментар на современата култура.
Тимот на Ван Гал сезоната ја заврши на четвртото место во Премиер лига, а со тоа обезбеди пласман во квалификациите за Лига на шампиони. Менаџерот на Јунајтед почна активно да работи на трансфер пазарот, но го одбија неколку звучни имиња.
Ќе се фасциниравме и ние од ова куче и неговата умешност да се пентари, ако не знаевме некои овдешни биографии на јавни лица кои направија уште поголеми успеси по вертикала. Наравоучение од оваа приказна: кога ќе гризнеш од врвот, задолжително одиш долу.
Откако министерот за надворешни испрати авион за Ето во Италија, во истиот клуб доаѓа уште една голема ѕвезда. Тоа е Роналдињо по кој ќе збеснат турските навивачи.
Шампионот на Вимблдон од 2002. година, Австралиецот Лејтон Хјуит загуби во првата рунда од Јарко Ниеминен со 3-2 во сетови и на тој начин се прости од местото на кое најмногу сакаше да игра тенис.
Освојувачот на Лигата на шампионите и победникот во Лигата на Европа за 2017. година ќе се сретнат во Скопје, изјави синоќа рускиот министер за спорт Виталиј Мутко.