Нигерискиот милијардер не кренал раце од Арсенал

Алико Данготе, најбогатиот човек во Африка ја повтори желбата да купи акции во премиерлигашот од северен Лондон. Во Нигерија го критикуваат поради идејата да вложува надвор, а не дома.

Првичниот план на Алико Данготе беше да отвори рафинерија за масло во Нигерија и со заработката од тоа да купи акции во Арсенал.
„Кога ќе се отвори рафинеријата и кога ќе биде пуштена во погон, ќе имам доволно ресурси да платам колку што бараат од мене“, изјави Нигериецот пред еден месец за БиБиСи.
Интересот на Данготе за акции во Арсенал се од април 2010. година, кога сакаше да купи 15,9% од акциите но тогаш побрз од него беше Американецот Стан Кренке кој вложи 123 милиони фунти и купи 66,6% од акциите на Нина Брејсвел-Смит. Втор акционер во Арсенал е рускиот магнат Алишер Усманов кој поседува 30% од премиерлигашот. Ниту едниот ниту другиот немале интерес да му продадат акции на Данготе или на некој трет.
 
Многу Нигеријци сметале дека милијардерот би требал да ги вложува парите во локалните клубови и со тоа да ја развие нигериската лига, а не да купува странски клуб. На тоа Данготе изнесе интересен одговор.
„Проблемот е што и да ги купам сите нигериски клубови, нигериското знаме ќе остане да се вее овде. Но ако го купам Арсенал, нигериското знаме ќе се вее насекаде во светот. Како што направи Абрамович со името на неговата земја, затоа што сите знаат дека е Русин и ја промовира Русија“, изјави најбогатиот Африканец.
Богатството на Данготе се проценува на 17,5 милијарди долари и според листата на Форбс, тој е најбогатиот Африканец и 67. најбогат човек на светот. Богатството го стекнал со инвестиции во фабрики за цемент, шеќер и брашно.
6 јули 2015 - 11:31