Што значи добар настап на голем турнир

Напаѓачот на Чиле, Еду Варгас е најкорисниот фудбалер на досегашниот тек од Копа Америка по што пола Европа ѕвонела на телефоните во Наполи со цел да праша за цената на шпицот.

Кондогбија е платен 35 милиони евра, Дибала 32, Бака 30, Бертолачи 20, Манџукиќ 19. Дармијан и Алан се проценети на 20 милиони а Сапонара на 15.
 
По синоќешниот настап против Перу, навивачите на Наполи се прашуваат колку сега вреди Еду Варгас? 25-годишниот шпиц одигра фантастичен натпревар во полуфиналето на Копа Америка против Чиле, даде два гола од кои вториот беше најубав досега на турнирот и е најзаслужен што домаќинот ќе игра во финалето.
 
Фудбалерот на Наполи е прв стрелец на првенството со 4 голови (само уште еден Чилеанец дал толку на Копа Америка, Иван Заморано во 1991 година). За 4 години колку што игра во репрезентацијата (дебитираше во 2011-та), Варгас постигна 22 гола и е шести најдобар стрелец во историјата на репрезентацијата на Чиле. Марсело Салас е прв со 37 погодоци.
 
Цената на Варгас на пазарот е далеку поголема отколку на почетокот на Копа, особено што на турнирот дојде недоволно подготвен и како резервист на Квинс Парк Ренџерс. Од таа причина, селекторот Сампаоли го седна на клупата на мечот со Еквадор, но малку му требаше по влегувањето во игра да даде гол за 2:0. Варгас стрелаше и против Мексико и вчера на два пати против вечниот ривал Перу.
 
Наполи за Варгас во 2012. година даде 12 милиони евра, но поради големата конкуренција во нападот (Игуаин, Пандев, Дуван, Каљехон), Чилеанецот не доби многу шанса и беше позајмуван во Гремио (9 гола), Валенсија (5) и КПР (3). Како слаба точка на Еду Варгас се потенцира неговото тешко приспособување на првенства надвор од неговата земја. Скептиците велат дека сменил 5 тренери во последните сезони: Мацари, Порталупи, Пици, Бенитез и Рамзи, но никаде не играше стандардно.
 
Сите голови на Варгас досега на Копа Америка 2015:

Внимавајте на вториов против Перу