По објавувањето на сторијата за шпанскиот дипломат кој спасил 150 македонски Евреи, дознавме за приказната на Соломон Адизес, еден од преживеаните од таа страшна 1943, кога бугарската војска од железничката станица во Скопје испратила повеќе од 7000 Евреи во логорот Треблинка.
За него сме пишувале и претходно. Делото се вика Organ²/ASLSP (As SLow aS Possible), неговата изведба е почната во 2001, а треба да трае до 2640. Местото е црква во Германија, и токму денес, 5.9., таму ќе се случи промената на следната нота. Не дека е за брзање, ама добро е да се знае.
Понекогаш во серии кои се за дрога, убиства и прељуба ќе се најде некој ситен, навидум страничен детал, кој овозможува симболичко толкување на целата содржина. Во случајов инвазивен вид птици, за чие постоење во САД е виновен - Шекспир.
Свесни сме дека во рубрикава често објавуваме текстови за некакви измамници или ликови кои целиот живот се обидувале (најчесто безуспешно) да се реобмислат себеси, оправдувајќи ги средствата со целта. Но во овие приказни има и нешто трогателно, во тој напор да се прикажеш како нешто што не си. Во случајов уште повеќе затоа што доаѓа од некој што денес би го нарекле „животен советник“.
Сме чуле за дресирани болви, за кокошки кои знаат математика (од филмот „Баладата за Бастер Скрагс“), за дресирани свињи кои се дел од историјата на циркусот и карневалите, ама едно нешто до сега немавме сретнато: дресирани алигатори.
20 години откако напишал книга во која тврдел дека стравот од смртта е тотално неоправдан, еден американски филозоф го менува мислењето, и тоа не само за смртта, туку и за смислата на животот. Вели дека дури сега, на 97, ништо не му е јасно.
Кокерот Флаш го спомнавме кога пишувавме за подзаборавената биографија на Вирџинија Вулф на ова куче. Она што не го знаевме е случајот со неговото грабнување, кој направил неговата сопственичка - позната викторијанска поетеса - да го отфрли татковскиот авторитет и да се омажи со својата тајна љубов.
Има еден прекрасен филм, The Usual Suspects (кај нас преведен како Приведете ги осомничените) од 1995 во кој главниот лик, Роџер 'Вербал' Кинт, на инспекторот кој го сослушува му сложува комплексна приказна за тоа како се случил масакр на брод закотвен во пристаништето во заливот Сан Педро, крај Лос Анџелес.