Што да се очекува во време во кое луѓето се чувствуваат тензично, изолирано, и во свет кој за многумина е нехуман? Романите кои зборуваат за емотивни, најчесто лични доживувања, и кои даваат надеж во луѓето и животот, се новите книги за самопомош.
Германската радикална десница се крстела во идеите на Ниче, но тој всушност го мразел антисемитизмот. И не е само ова - Ниче не е сфатен по повеќе основи, тврди нова биографија.
Утре, 2 октомври е најавено излегувањето на „Пламен“, последното дело на Коен. Книгата содржи песни, извадоци од неговите приватни бележници, стихови и рачно нацртани автопортрети.
„Помеѓу надеж и страв“ е веројатно најдобриот наслов за книга која се однесува на вакцините. Нејзиниот автор се осврнува на историјата на анти-ваксерското движење, истовремено истражувајќи ја и историјата на човечкиот имунитет.
Ова, дека книгите стануваат сè подебели, со жалење го констатираат судиите за овогодинешната награда Букер. Затоа што како што книгите добиваат на страници, така читателите губат на трпение.
Понекогаш помислуваме дека треба да сме пресреќни кога ќе прочитаме барем коректна и артикулирана реченица на македонски. Но има и нешто повеќе од тоа - да прочиташ (или напишеш) реченица која е истовремено суптилна и силна.
Можеби звучи како еден од оние наслови „Х кој направи тоа и тоа..“, но ова не е книга за самопомош, туку вистинска приказна, како и многу други запретана малку подлабоко во времето и памтењето.
Добитник на Прицкер, престижната награда за архитектура, Вентури почина на 93 години и зад себе остави бројни дела, книги и познатата контра-модернистичка максима - „Помалку е досадно“ (Less is bore)
Антоан Риша (еден од можните изговори на неговото име) до сега се среќаваше само во фусноти на книги поврзани со Бетовен. Двајцата се здружиле како тинејџери кога свиреле во ист оркестар во Бон: Риша втора флејта, Бетовен виола. Но сега еден пијанист ја оживува неговата музика, која до сега не го добила заслуженото признание.
Земате ливче и во горниот дел цртате нешто. Потоа го виткате и го давате на следниот. Така додека ливчето не се исполни. На крај отварате и го гледате резултатот. Понекогаш тој е извонреден.
„Почнува со секс и завршува со насилство“, вели авторот Мајк Шанахан за животниот циклус на тн. смоквина оса. Неговата нова книга се однесува на историјата на смоквата, но таа не може да биде раскажана без онаа на спомнатиот инсект - еволутивниот партнер на ова дрво.
Нова книга ја раскажува приказната за Плени Винго, обичен Американец, кој како и голем број други негови сограѓани за време на Големата депресија морал да смисли креативен начин да заработи некој долар. Неговиот бил - да оди наназад.
Курдско-иранскиот писател Беруз Бочани во 2013 побарал азил во Австралија, но наместо тоа бил испратен во озлогласениот центар за имигранти на островот Манус. Последниве пет години пишувал книга, и тоа преку пораки кои ги испраќал преку сервисот Whatsapp.
Во текот на годината има момент кога ме фаќа шубе што бројот на изгледани филмови и серии (и текстови напишани за нив) е неколкукратно поголем од оној на прочитани книги. Ама затоа лете балансот во личната вселена колку-толку се воспоставува. Овој пат со книга од 866 страници.
Не сме чуле за случај уредник во наша издавачка куќа да се осмелил да му чепне во делото на домашен автор. За разлика од ваквиот нежен однос, во други контексти копи-едиторот знае да биде и продуктивен, но и многу суров соработник. Каде е границата?
Секој ден десетици илјади „влогери“ погледнуваат во својата камера и изговараат позната фраза (главно на англиски): „Како е дечки?“ А оние кои ги следат имаат чувство дека им се лични пријатели, дека ги познаваат. Всушност, врската е еднонасочна и долгорочно непродуктивна.
Во Струга деновиве ќе престојува поет кој зад себе има интересна семејна историја и творештво кое било забранувано во неговата татковина. На младите поети им советува интелектуална љубопитност, но не и „работа“ во класичната смисла на зборот.
Книга од (релативно) далечната 1990, која се осмелува да оди далеку во иднината. Дури пет милиони години од сега. И да претпостави како ќе изгледа светот тогаш.
„Што е љубовта?: од Амор до Тиндер“, поставена во Кунстхале во Бремен, ги истражува различните начини на кои уметниците низ вековите ја имаат прикажувано љубовта, од класичните идеали до компјутерското доба.
Неколку филмови, чија премиера се очекува до крајот на годината, се базирани на новински статии кои откриваат нечија интересна животна приказна, бизарна сторија или нешто што личи, но не е измислено. Таквите адаптации помагаат ваквиот хибрид меѓу новинарството и книжевноста да не изумре.
Нова книга посветена на феноменот на човечкото пливање ја трасира неговата историја од првите цивилизации, дo денешната популарност како спорт и уживање.
На 30 август ќе излезе новата книга на Харари, која се занимава со најактуелните проблеми со кои се соочуваме денес, како климатските промени, подемот на вештачката интелигенција и реперкусиите на промените врз национализмот и религиите.
ВидКон е конференција за луѓе што прават онлајн видеа, која се организира во јужна Калифорнија од 2010. Една од „нишите“ во развој се однесува на осврти за книги. Иако со многу помалку обожаватели од оние за видео игри или за козметика, креаторите на овие видеа се ѕвезди во светот на книшките јутјубери.
Втор пристигнат прилог кон акцијата „Раскажувам лектира“, овој пат од момче кое наскоро ќе биде второ одделение, за книгата „Касни-порасни“ од Петре М. Андреевски. Веднаш ни дојде да пресечеме лубеница...