Инспирирана од денешната статија за твитерџијата кој си го нашол чарето, прочепкав по мојот изминат твитер труд. Чаре додуша не најдов, ама по првата збирка, издвоив твитови за уште една.
Во февруари 1910 Томас С. Елиот почнал со пишување на песната која за многумина го означува преминот од романтичниот стих на доцниот 19 век кон модернизмот. Таа е за сите оние кои се осмелуваат да го вознемират космосот, пиејќи го утринското кафе.
Во чест на отварањето на Олимпијадата во Сочи, Олимпијскиот музеј во Лозана организира изложба „Руската авангарда и спортот". Таа покажува дека Русите одамна ја сфатиле поврзаноста меѓу масовните спортски настани и политиката.
Пријател и соработник на Дали изработува парчиња мебел инспирирани од неговите слики. Најновото дело му се вика „Ксaи“ и претставува масичка за во спална направена од препарирана овца. Цена - џабе.
Пред неколку дена нè израдува новата реклама во циклусот „Македонија вечна". После сите убајни кои можеме да му ги понудиме на добронамерниот патник: археолошки ископини, манастири, вина, езера и планини, конечно некој се сети на она што всушност требаше да биде прво - на храната!
Кога бев (по)мала не поминуваше ни едно лето да не одам во Струга за време на 'вечерите'. И ми беше супер - зрело лето, полупразни плажи и химнични звуци на поезија, помешани со вкус на Т'га.
„Двете бели мечки од Зоолошката градина и јас тонеме во зимски сон.Толку ми се спие, немате поим!Разбудете ме само во случај малата Ана да се врати. Инаку гризам!"